Ентомофауна кај домати во заштитен простор при конвенционално и интегрално производство

Spasov, Dusan and Mitrev, Sasa and Spasova, Dragica and Georgievski, Milan and Atanasova, Biljana and Arsova, Cvetanka (2015) Ентомофауна кај домати во заштитен простор при конвенционално и интегрално производство. [Project] (Submitted)

[img]
Preview
Text
document (11).pdf

Download (1108Kb) | Preview
Official URL: http://scholar.ugd.edu.mk/dusanspasov/proekti

Abstract

Доматот е една од економски поважните култури во Македонија, а особено во Струмичкиот регион, каде што претставува водечка култура во градинарското производство во заштитени простори. Се одгледува во пластеници и оранжерии во периодот од јануари во услови на греење, март и април без греење, од мај, јуни до ноември, како рано, средно рано и касно производство. Раното и средно раното производство зафаќаат околу 90% од површините од 6 271 ha (просек 2000-2006 год.), колку што се застапени под оваа култура кај нас, а само 10% од застапените површини под оваа култура му припаѓаат на касното производство. Доматот е подложен на напади на голем број штетни инсекти и пајачиња. Некои од штетните инсекти кај доматот се хранат со грицкање на растителното ткиво, а некои преку смукање на растителниот сок. Секундарни оштетувања се јавуваат кога нивните отпадни производи (медната роса), ги покриваат растителните делови, затворајќи ги стомините отвори со што го спречуваат процесот на дишење. Но, голем дел од штетните инсекти, исто така, се активни преносители на вирусните заболувања, од заразени на здрави растенија. Дел од ентомофауната на доматот ја сочинуваат и карниворни видови (предатори), кои, хранејќи се со други инсекти, ја регулираат популацијата на штетните инсекти. Главна цел на нашите испитувања ќе биде утврдувањето на фаунистичкиот состав на штетниците и предаторите на доматот одгледуван во заштитени простори, при што детално ќе се утврди нивниот квалитативен и квантитативен состав во ентомофауната на доматот. Исто така ќе се направи една споредба на штетниците, како и на предаторите кои се појавиле во заштитени простори како рано производство и во заштитените простори во услови на летно-есенско (касно) производство. Ќе се направи и детална анализа на присуството на штетниците и карниворните видови при конвенционалното и интегралното производство на доматите во заштитен простор.

Item Type: Project
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Biljana Atanasova
Date Deposited: 24 Feb 2015 14:39
Last Modified: 24 Feb 2015 14:39
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12802

Actions (login required)

View Item View Item