Јакнење на деловните капацитети на жените претприемачи во Република Македонија, како земја во развој (2015-2018)

Sofijanova, Elenica and Temjanovski, Riste and Jovanov, Tamara and Davcev, Ljupco (2015) Јакнење на деловните капацитети на жените претприемачи во Република Македонија, како земја во развој (2015-2018). [Project] (Submitted)

Full text not available from this repository.
Official URL: http://scholar.ugd.edu.mk/esofijanova/proekti

Abstract

Жените претприемачи го гледаат светот на различен начин. Ова се рефлектира на видовите на бизнис активности што тие ги почнуваат и начинот на кој ги водат. Нашата земја, како земја во развој има потреба од претприемачи кои гледаат и осознаваат нови можности и се подготвени да ги преземат потребните ризици во искористувањето на овие можности. Женското претприемништво се назначува како нова движечка сила, како важен "неискористен извор" за раст и развој на економиите. Во овој проект ние се фокусираме на деловните капацитети, анализа на менаџерските и лидерски способности, стратегиското планирање, како и маркетинг и финансиските способности. Имплементацијата на сите овие фактори во работењето на претпријатијата се поставуваат како еден од клучните фактори за развој на конкурентност, но и на економијата во нашата држава во целина. Како основен метод ќе се користи методот на истражување, со комбинација на квантитативно и квалитативно истражување. Како техника на истражување ќе се примени комбинација од: лично, полу- структурирано интервју, по кое ќе следи испитување преку структуриран анкетен прашалник, follоw- up, т.е. следбено интервју и анализа на фокус група, за длабински увид во проблематиката на истражување. Како основа на статистичката анализа ќе биде параметарска статистика, преку поставените номинални, ординални и интервални мерни скали за оценка на анализираните појави, односно анализирање на нумерички податоци. Според видот, истражувањето ќе биде апликативно (оригинално примарно истражување кое ќе резултира во сознанија наменети за нивна практична примена во бизнис секторот, со цел за подобрување на деловните капацитети на жените претприемачи) и експериментално (систематски приод кон креирање на нови и подобрени бизнис процеси, модели и системи за мали и средни претпријатија, врз основа на добиеното знаење) истражување.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Elenica Sofijanova
Date Deposited: 23 Feb 2015 12:41
Last Modified: 10 Oct 2018 05:41
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12766

Actions (login required)

View Item View Item