Улогата на експлицитните инструкции за стекнување прагматичка компетенција при учењето англиски и германски јазик

Ivanovska, Biljana and Kusevska, Marija and Daskalovska, Nina and Mitkovska, Liljana and Ulanska, Tatjana and Cenova, Monika and Krstevska, Viktrorija (2015) Улогата на експлицитните инструкции за стекнување прагматичка компетенција при учењето англиски и германски јазик. [Project] (Submitted)

[img]
Preview
Text
Poster1.pdf

Download (253Kb) | Preview
Official URL: http://scholar.ugd.edu.mk/biljana/proekti

Abstract

Предмет на истражување на овој проект е стекнувањето прагматичка компетенција при изучувањето странски јазици (англиски и германски). Во наставата по странски јазици одамна како главна цел се наведува оспособувањето на изучувачите успешно да комуницираат на јазикот што го изучуваат. Следбениците на комуникативниот метод нагласуваат дека не е доволно познавање на вокабуларот и граматичките структури на јазикот што се изучува (Ј2). Тие треба да се оспособат да прават правилен избор на јазичните средства во зависност од соговорникот и односот што го имаат со него. Имајќи ја предвид ваквата цел на наставата по странски јазици, прагматиката би требало да зазема важно место во неа. За жал, таа и понатаму останува на маргините на наставата по странски јазици. Во учебниците е застапена само толку колку што е неопходно да не се обвинат авторите дека не го следат модерниот приод кон јазикот и дека и понатаму цврсто се држат за традиционалниот начин на учење на јазикот во којшто граматиката е на прво место, учењето на вокабуларот на второ, и по малку од останатите области, вклучувајќи ја и прагматиката.

Item Type: Project
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Biljana Ivanovska
Date Deposited: 10 Mar 2015 10:55
Last Modified: 10 Aug 2015 08:48
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12759

Actions (login required)

View Item View Item