Процес на планирање на современи операции според Директива за сеопфатно планирање на операции (COPD)

Racaj, Muhamet (2012) Процес на планирање на современи операции според Директива за сеопфатно планирање на операции (COPD). In: Прва воена научно стручна конференција „MILCON’12“.

[img]
Preview
Text
milcot12.pdf

Download (3648Kb) | Preview

Abstract

За современиот свет се карактеристични брзи, комплексни и динамични промени кои денешницата секојдневно ја соочуваат со нови асиметрични закани и ризици. Порастот на заканите и ризиците се рефлектира преку тероризмот, транснационалниот организиран криминал, војна од четврта генерација, пролиферацијата на оружје за масовно уништување, верски радикализам и екстремизам, илегална миграција, нестабилни држави и компјутерски (сајбер) напади.1 Енергетската зависност и климатските промени се само уште еден комплексен предизвик и негативен чинител на националната и меѓународната безбедност. Земајќи ги во предвид димензиите и комплексноста на современите закани и ризици, глобалниот и сестран пристап и соработката со ООН, НАТО, ЕУ и ОБСЕ се неопходен начин за успешно справување со истите. НАТО и ЕУ се клучните фактори за одржување и зајакнување на регионалната безбедност, стабилноста и просперитетот на современите општества. На НАТО самитот во Букурешт, 2008 година, од страна на претседателите е одобрен збир на прагматични предлози за развој и имплементација на НАТО допринос во Сеопфатен пристап. Предлозите се резултат од произлезената потреба за сеопфатен пристап во НАТО оперативното иницирање, планирање и извршување и искуствените сознанија дека воениот елемент сам не може да одговори на современите кризи и конфликти. Потребата за многу поопширно планирање имплицира унификација на целите, која овозможува воспоставување на процедури и активности за менаџирање со кризи и извршување на акции со воени и невоени ресурси. За прифаќање на таков сеопфатен пристап на операции неопходно е сваќање на културата, активна соработка и транспарентност помеѓу инволвираните во кризниот менаџмент. Досегашното планирање на операции, „GOP“ – Guidance for Operational Planning (Насоки за оперативно планирање), поради карактеристиките на современите кризи (тероризам, употрeба на средства за масовно уништување, итн.) покажа дека веќе не ги задоволува побарувањата за успешно планирање на ефикасни операции во современото општество/ опкружување.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Military Academy
Depositing User: Muhamet Racaj
Date Deposited: 26 Feb 2015 15:00
Last Modified: 26 Feb 2015 15:00
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12746

Actions (login required)

View Item View Item