Сведоштва за Брегалничката епидемија 1913

Josimovska, Verica and Josimovska, Elena (2013) Сведоштва за Брегалничката епидемија 1913. In: Сто години од Балканските војни, Прилози од научен собир одржан 3-4 декември 2012 год. во Скопје. МАНУ, Скопје, pp. 495-510. ISBN 978-608-203-100-2

[img]
Preview
Image
scan0013.jpg

Download (1901Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Sto godini od Balkanskite vojni MANU.pdf

Download (1797Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Svedostva za Bregalnickata epidemija.pdf

Download (281Kb) | Preview

Abstract

Со почетокот на Првата балканска војна, 1912 година, завршува периодот на долговековното Отоманско владеење во Македонија и започнува времето на масовно умирање во војните и епидемиите. Имено, во периодот 1912-1918 година во Македонија се случиле три војни (две балкански и една светска ) и дури четири страотни епидемии: колерата 1913, дамчестиот тифус 1915, маларијата 1916-1917 и шпанската треска 1918 година со пандемска големина. За време на Брегалничката битка 1913, една од најкрвавите во Втората балканска војна, која временски траела кратко, само десетина дена (од 30 јуни до 9 јули), а оставила долготрајни последици, се случила и епидемиската катастрофа предизвикана од смртоноснота заразна болест колера во литературата позната и како Брегалничка епидемија. Сведоштва за овие трагични настани од 1913 година наоѓаме во дневниот печат од тоа време, во разни списанија и публикации, во телеграми, воени рапорти и санитетски извештаи ,необјавени дневници, усни соопшувања, како и во упатуваните апели за помош. Истражувајќи ги овие настани се доаѓа до драгоцени податоци за тогашните услови на живеење во брегалничкиот регион, за причините поради кои се појавила колерата и катастрофата што ја предизвикала , неспремноста на санитетот да и се спротивстави на епидемијата што била негова главна должност, како и за страдањата на недолжното население кое со ништо не придонело за да му се случи масовно умирање. КЛУЧНИ ЗБОРОВИ Брегалничка битка, колера, брегалничка епидемија

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Verica Josimovska
Date Deposited: 18 Feb 2015 08:44
Last Modified: 18 Feb 2015 08:44
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12680

Actions (login required)

View Item View Item