Маркетинг истражување (Наука и практика)

Mitreva, Elizabeta and Kovacevik, Kristina (2015) Маркетинг истражување (Наука и практика). 658.8.012.12 . 2-ри Август, Штип. ISBN 978-608-4662-31-0

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_elizabeta.mitreva_Desktop_Mitreva Marketing - istrazuvanje.1-13.pdf

Download (677Kb) | Preview

Abstract

Потребата за изработката на трудот Маркетинг истражување беше со цел да се демистифицира значењето на маркетинг истражувањето, пред сè за студентите, менаџерите, како и читателите. Глобалниот пазар на производи и услуги изобилува со разновидност на можности, каде купувачите станаа пософистицирани, а задоволувањето на нивните потреби стана сè потешко. Економскиот прогрес и напредокот во технологијата го прави денешниот пазар премногу динамичен и нестабилен, па, поради тоа, одлуките кои треба да ги донесуваат компаниите стануваат сè понеизвесни и покомплексни. Доколку одреден бизнис сака да успее во своите претходно утврдени цели, истиот треба студиозно да му пристапи на пазарот и внимателно да го проучи, со цел да добие релевантни и корисни информации, што преставува и тема за разработка во овој труд. Во оваа книга студентите ќе ги добијат сите информации во врска со маркетинг истражувањето и истите ќе можат апликативно да ги применат за потребите за создавање свој бизнис или за подобрување на веќе постоечкиот бизнис. Обуката е наменета и за вработени или невработени лица кои сакаат да започнат свој бизнис, како и за сите оние кои имаат основно познавање од маркетинг планот како алатка за создавање сопствен бизнис и остварување на својата бизнис идеја, но и за другите заинтересирани кои сакаат да го осознаат процесот и техниките на маркетинг истражувањето.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 16 Feb 2015 10:26
Last Modified: 27 Feb 2015 11:32
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12658

Actions (login required)

View Item View Item