The reality, the experiment and the mathematical model

Mitkovska-Trendova, Katerina and Smileski, Rose (2014) The reality, the experiment and the mathematical model. In: Четврта меѓународна научна конференција „Науката и општествениот развој“, ЕУРМ, May 2014, Skopje, Macedonia.

[img]
Preview
Text
16. j_2014.pdf

Download (681Kb) | Preview

Abstract

Развојот на компјутеризираните системи за поддршка на одлучувањето го направи математичкото моделирање незаменлива алатка за истражувачите и донесувачите на одлуки. Бокс 1979 година изјавил дека сите модели се погрешни, но некои од нив се корисни. Моделите се апстракција на реалноста, но не секогаш е можно да се најде математички израз за реалноста. Моделирањето е способноста да се разгледува некој комплексен систем или процес од реалноста, да се идентификува множество од релевантни својства, за да се разберат некои нивни карактеристики и да се искористи тоа за да се креира поедноставен математички модел, врз основа на нивните фундаментални принципи. Поради грешките при мерењето при еден експеримент, собраните податоци се разликуваат од реалноста. Во математичкиот модел не е можно да се земат предвид сите параметри од експериментот. Грешки се прават при заокружувањето при пресметувањето. Затоа решението на моделот се разликува од податоците. Тоа води кон грешки при анализата на моделот. Колку можеме да се потпреме на резултатите од моделот при анализата на проблемот од реалноста? Валидноста на концептот на апстракција и математичко моделирање не треба да се отфрли, туку треба да се продлабочи дискусијата за концептот како да се работи со поедноставен апстрактен модел, за да се разбере точно комплексната реалност. Важен чекор во развојот на посигурни и поточни модели е идентификацијата, разбирањето и прифаќањето на погрешноста и слабостите на моделот. Тоа го јакне процесот на моделирање, за да го направи моделот помоќен, во фазите на развој, евалуација и ревизија. Кога се извлекуваат зклучоци врз основа на анализата на математичкиот модел, апстракцијата не треба да е извор на заклучокот, за потоа тие заклучоци да бидат применливи во реалноста. Затоа што тоа не е анализа на математичкиот модел, туку анализа на моделираната реалност. Успешниот модел не е само придобивка за теоријата на математиката, туку поважно е што може да се примени математиката во науката и праксата.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Natural sciences > Matematics
Divisions: Military Academy
Depositing User: Katerina Trendova
Date Deposited: 16 Feb 2015 11:46
Last Modified: 16 Feb 2015 11:47
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12651

Actions (login required)

View Item View Item