Смилков - скулптури

Smilkov, Nikola (2014) Смилков - скулптури. [Show/Exhibition]

[img]
Preview
Text
Nikola Smilkov katalog.pdf

Download (881Kb) | Preview

Abstract

Истражувањата на Никола Смилков во скулптурата се во областа на апстрактно -асоцијативната геометризирана скулптурална форма и спојот како на формите, така и на материјалите. Тој ја негува пластичната слободна форма преку аналитички и математички пресметана постапка, создавајќи чисти пластични структури со извесни симболични и асоцијативни белези. Скулптурите наликуваат на архаични мегалити или современи архитектонски конструкции со асоцијативни содржини кои се поедноставени и ослободени од детали каде се открива основната антропоморфна структура на формата со асоцијации на човековата фигура која е интерпретирана во разни модификации на фигуративен и асоцијативен антропоморфизам. Стилизирањето на човековата конкретност произведува слободна асоцијативно - антропоморфна пластична арабескна форма каде се видливи деформитети или нагласувања на одредени делови од телото. Скулптуралната маса во содејство со надворешните светлосни сензации е важен елемент во постигнувањето на целосниот визуелен ефект. Динамиката на формата е постигната со конструктивна постапка во обликувањето на делото. Внатрешниот спој во обликот често доведува до меѓусебни тензии и суптилни меѓуодноси во ритамот на композицијата во кој примарните форми и даваат на целината визуелна привлечност. Иако станува збор за пластика во мали димензии во творештвото на Смилков е силно истакнато неговото чувство за монументалност. Смилков преку уметноста ги разјаснува своите мисли за скулптурата како неограничен и бескраен простор на изразување.

Item Type: Show/Exhibition
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Nikola Smilkov
Date Deposited: 11 Feb 2015 10:09
Last Modified: 07 Aug 2015 10:35
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12612

Actions (login required)

View Item View Item