Стратегиски бренд менаџмент - скрипта

Veselinova, Elena (2015) Стратегиски бренд менаџмент - скрипта. ISBN 978-608-244-150-4.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/402

Abstract

Заеднички именител за супериорноста на една компанија над други е токму вредноста на нејзиниот бренд, мерена преку различни атрибути. Предмет на обработка во ова учебно помагало претставува значењето и важноста на брендот за долгорочната профитабилност на компаниите, првенствено во Република Македонија, а потоа и на глобално ниво, земајќи ја предвид комплексноста на окружувањето како сумарен фактор што сѐ повеќе го отежнува процесот на создавање нова вредност и нејзиното ефектуирање во стабилна профитабилност. Брендот има привилегија на дихотомна природа. Тој е цел самиот за себе. Компаниите вложуваат многу во неговата изградба. Истовремено, тој е и средство за остварување на други цели, се разбира поважни, значи, финансиски. Самиот наслов на учебното помагало се базира на второто значење на корпоративниот бренд - тој е извор на одржлива конкурентска предност. Едно е сигурно, моќниот бренд не останува должен, тој враќа. Значењето на брендот, симболично и буквално, е повеќе од јасно. Ова е уште еден обид да се елаборира неговата улога на извор на конкурентска предност и како да се изгради бренд кој може да ја имаа таквата улога. Просторната рамка за докажување е како локална, така и глобална, независно. Значењето на брендот, а особено управувањето со него, според современите теоретичари од областа на стратегискиот бренд менаџмент, од една страна, како и според практичните сознанија на врвните менаџери на големите корпорации ширум светот, од друга страна, претставува тема која интензивно го зазема врвниот научен и практичен интерес. Основните причини за нагласената актуелност на брендот како извор на конкурентска предност лежат во фактот дека, на долг рок, не постои ниту една друга алтернатива, освен таа да се биде подобар од конкурентите. За да се освои и да се задржи ова позиција потребно е компанијата да биде перцепирана како подобра од конкурентите во повеќе димензии. Заеднички именител за супериорноста на една компанија над други е токму вредноста на нејзиниот бренд, мерена низ различни атрибути. Компаниите секојдневно се соочуваат со две вечни категории: комплексност и променливост. Градењето и управувањето со брендот овозможува динамички развој на компаниите низ времето и просторот и што поуспешно соочување и надминување на проблемите кои произлегуваат од горенаведените категории. Учебното помагало „Стратегиски бренд менаџмент“ е наменето за студентите на економските и други факултети на кои се изучува оваа предметна дисциплина, со цел да им се доближат на студентите теоретските и практичните сознанија од оваа област. Оваа скрипта ќе биде од корист и за менаџерите на трговските друштва во Република Македонија при процесот на градење и управување со брендовите, како и за сите потенцијалните инвеститори, при пресметка на вредноста на брендовите и компаниите и донесувањето на одлуките за инвестирање. Искрено се надевам дека овој ракопис ќе ги продлабочи теоретските и практичните знаења на читателите од областа на стратегискиот бренд менаџмент. Штип, Јануари 2015 Автор д-р Елена Веселинова

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Elena Veselinova
Date Deposited: 10 Feb 2015 14:18
Last Modified: 07 Apr 2015 13:45
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12568

Actions (login required)

View Item View Item