Теренско истражување во Делчево - зурлите и тапаните за време на сунет кај ромите

Angelov, Goranco (2014) Теренско истражување во Делчево - зурлите и тапаните за време на сунет кај ромите. [Video] (Unpublished)

[img] Video
Сунет Делчево 2014 Слики.wmv

Download (4Mb)
[img] Video
Сунет Делчево 2014.avi

Download (144Mb)

Abstract

Целта на ова истражување е да ја увидеме употррбата на зурлата и тапанот во 21 век, во време на масовно користење на современи музички инструменти. Целиот настан кој завршува со прослава по повод сунетисувањето или како што го викаат ромите „свадба“ беше пропратен со неколку оркестри со различен инструментариум. Најнапред. кај домакините дома свиреше оркестар од лимени дувачки инструменти а потоа оркестар составен од електронски инструменти (синтисајзери) тапани и саксофон. Овие оркестри настапуваа во дворот на домакините. На крајот дојдоа зурлаџии (три зурли) и тапанџии (два тапани) кои одсвиреа неколку ромски мелодии во дворот. Потоа сите присутни гости на чело со домакините, пропратени од зурлите и тапаните се упатија на дефиле низ главните улици на Делчево. На две места гостите приредија симболични пеливански борби и на еден хумористичен начин ги задеваа присутните. По завршувањето на дефилето сите се вратија во куќата на домакинот каде продолжија да се цеселат повторно со музиката на зурли и тапани.

Item Type: Video
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Goranco Angelov
Date Deposited: 12 Feb 2015 08:54
Last Modified: 12 Feb 2015 08:54
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12566

Actions (login required)

View Item View Item