Унапредување на организациската култура со посебен осврт на супермаркетите

Zlatkova, Liljana (2015) Унапредување на организациската култура со посебен осврт на супермаркетите. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Lektorirana finalna Magisterska Liljana Zlatkova.pdf

Download (1938Kb) | Preview

Abstract

Личноста на секој поединец го одредува карактеристичниот начин на размислување и однесување што ја разликува индивидуата од другите луѓе. Меѓутоа, кога луѓето припаѓаат на една организација или група тие настојуваат да ги минимизираат индивидуалните разлики и да споделат заеднички комплет на вредности и верувања, што ќе служи како водич за тоа како да се однесуваат и работат на ист или сличен начин со цел да ги остварат заедничките цели. Организациската култура претставува збир на вредности, верувања и размислувања што го насочуваат секојдневното однесување на членовите во организацијата при извршувањето на своите работни задачи. Организациската култура е фундаментална детерминанта која може да биде или силна страна и конкурентска предност или пак голема слабост за една организација. Таа е значаен фактор не само за остварување на посакуваните заеднички цели, туку и за креирање на работна атмосфера што се заснова на меѓусебна соработка, почит и доверба, привлекување и задржување на нови вработени со слични карактеристики, а со тоа и градење на позитивен имиџ и кредибилитет во јавноста. Токму затоа, главен предизвик на менаџерот треба да биде градење, одржување и континуирано унапредување на организациската култура со цел остварување на поголема ефикасност и профитабилност во работењето. Клучни зборови: основни претпоставки, вредности, верувања, ставови, норми на однесувања, модели и типови на култура, организациски промени, цели, организациски резултати.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 10 Feb 2015 10:27
Last Modified: 10 Feb 2015 10:27
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12560

Actions (login required)

View Item View Item