Логистички системи

Atanasoski, Drasko and Temjanovski, Riste and Filiposki, Oliver (2014) Логистички системи. 2ri Avgust Stip.

[img]
Preview
Text
Logisticki sistemi 5.pdf

Download (3649Kb) | Preview

Abstract

Логистика како модерна научна дисциплина не е доволно обработена во нашето говорно подрачје. Нејзиното значење е големо поради тоа што опфаќа голем број на учесници и процеси во економското окружување. Целокупната активност на логистиката не може да се набљудува како изолиран дел на една целина, туку само како спој на комплементарни, синтетизирани и меѓузависни елементи што го карактеризираат еден систем. Поради тоа, ова издание е надополнување на книгата Основи на логистика и издание во кое се вклучени недостатоците кои беа воочени во текот на образовниот процес од страна на авторите. Ова издание освен што примарно е наменето за студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика и Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, може да послужи како добра основа за секој кој сака да почне да ја истражува и изучува логистиката и логистичките системи. Книгата се состои од осум поглавја кои меѓусебно се надополнуваат. Разработена е улогата и значењето на логистиката и логистичките системи, теоретскиот и практичниот пристап на логистичките системи, елементите и видовите на логистички системи, за да се заврши со перспективите на оваа научна дисциплина која границата ја смета за предизвик, а светот за нејзино докажување.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Drasko Atanasoski
Date Deposited: 10 Feb 2015 10:26
Last Modified: 10 Feb 2015 10:26
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12558

Actions (login required)

View Item View Item