Музичкиот инструмент ќемaне во Македонија

Angelov, Goranco (2014) Музичкиот инструмент ќемaне во Македонија. Орска и инструментална народна традиција, 10 . Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје. ISBN 978-9989-642-83-8

[img]
Preview
Text
Muzickiot instrument Kemane vo Makedonija.pdf - Published Version

Download (5Mb) | Preview

Abstract

Оваа книга претставува магистерски труд под наслов „Музичкиот инструмент ќемане во Македонија“ од областа на етномузикологијата и етноорганологијата. Музичките инструменти, како носители на инструменталната музичка традиција, биле неизоставен сегмент од сите етапи на човековото живеење. Како што вели Гојковиќ, употребната функција на еден музички инструмент може да биде голема и разновидна и има малку моменти во животот на човекот во кои, на некој начин, не учествуваат музичките инструменти. Следејќи ги разните аспекти на музичките инструменти, Гојковиќ ја наведува нивната функција во обичаите, магиско-ритуално-религиозната функција и, секако, музичката функција. Нивната многустрана употреба ни укажува на нивната улога во животот на луѓето. Многубројните истражувања поврзани со музичките инструменти кои се вршени на територијата на денешна Република Македонија ни овозможија да изградиме една поинаква слика за состојбата некогаш и денес. Од огромно значење за нас се истражувања на македонските фолклористи Марко Цепенков, Жифко Фирфов, Ганчо Пајтонџиев, Вера Кличкова, Михајло Димовски, Александар Линин, Боривоје Џимревски и др. Публикувањето на нивните резултати стекнати преку теренските истражувања е од непроценлива вредност за идните истражувања кои имаат веќе воспоставена методологија на конзервирање на научните сознанија. Нашите истражувања, секако, се темелат на претходните сознанија надградени со личните теренски истражувања вршени во поново време и во едни поинакви услови на глобализација и постепено исчезнување на традиционалната духовна култура.

Item Type: Book
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Goranco Angelov
Date Deposited: 09 Feb 2015 13:54
Last Modified: 09 Feb 2015 13:54
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12529

Actions (login required)

View Item View Item