Oдредување на вкупни антиоксидативни особини на капсаициноиди во Capsicum видови култивирани во Република Македонија

Maksimova, Viktorija and Koleva Gudeva, Liljana and Ruskovska, Tatjana and Gulaboski, Rubin (2014) Oдредување на вкупни антиоксидативни особини на капсаициноиди во Capsicum видови култивирани во Република Македонија. Годишен зборник 2014, Yearbook (12). pp. 101-109. ISSN 1409-987X

[img]
Preview
Text
8.pdf

Download (1678Kb) | Preview
Official URL: http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFA/index

Abstract

Капсаициноидите, кои се среќаваат исклучиво во родот Capsicum, фaмилија Solanaceae, се група на алкалоиди кои според својата хемиска структура припаѓаат на фенилетиламинската група на алкалоиди. Mеѓу нив капсаицинот зафаќа до 69%, за разлика од другите капсициноиди во пиперката кои се среќаваат во помали концентрации. Антиоксидативниот ефект на плодот од лутата пиперка е еден од благотворните ефекти кои меѓу другите ги покажува ова растение. Затоа, целта на овој труд е да се одреди вкупната антиоксидативна способност на олеорезинот од Capsicum annuum L. Како материјали за оваа цел се користени четири вариетети на пиперка култивирана во Република Македонија. Во етанолни екстракти добиени со Soxlet методата, антиоксидативниот ефект беше испитуван со помош на FRAP методот. Беше заклучено дека капсаицинот покажува изразени антиоксидативни особини и притоа генотипот со највисока концентрација на капсаицин пројавува нависока антиоксидативна способност. Од тука може да заклучиме дека култивирањето на лута пиперка во Република Македонија е сосема оправдано бидејки таа може да се вброи во функционална исхрана, не само поради тоа што е богата со витамини и минерали, туку и поради тоа што поседува висока антиоксидативна способност.

Item Type: Article
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Liljana Koleva Gudeva
Date Deposited: 06 Feb 2015 12:14
Last Modified: 06 Feb 2015 12:14
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12525

Actions (login required)

View Item View Item