Зурлата кај Албанците во Кичево и кичевско

Angelov, Goranco (2014) Зурлата кај Албанците во Кичево и кичевско. In: Музичко-научна манифестација „Струшка музичка есен“ Сработи, преработи, надработи. Сојуз на композиторите на Македонија (СОКОМ), pp. 101-108. ISBN 978-9989-801-12-9

[img]
Preview
Text
Struska muzicka esen 2013.pdf

Download (282Kb) | Preview

Abstract

Интересот за употребата на зурлата во Р. Македонија, отвора многу прашања бидејќи станува збор за инструмент кој има посебна улога во градењето на музичката традиција во Македонија, земја на чија територија се населени луѓе со различна етничка припадност. Албанското население, како посебна етничка група има сопствена фолклорна традиција и музички инструменти кои се карактеристични за нивниот музички фолклор. Со сигурност можеме да кажеме дека зурлата, иако не е автохтон албански инструмент кај нив е еден од омилените инструменти кој е прифатен и присутен во разни моменти од нивното живеење. Во нашиов труд, интересот е фокусиран кон тоа колку овој инструмент е застапен кај албанското население во Кичево и Кичевско, односно дали и колку албанци свират на овој инструмент. Поместениов материјал се базира на повеќегодишните теренски истражувања поврзани со инструментот зурла. На почетокот на излагањето ќе произнесеме општи информации поврзани со терминологијата, потеклото и употребата на зурлата.

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Goranco Angelov
Date Deposited: 09 Feb 2015 11:05
Last Modified: 09 Feb 2015 15:01
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12508

Actions (login required)

View Item View Item