Квалитетното селектирање на кадрите како предуслов за успешно работење на организациите

Stefanova, Sladzana and Miceski, Trajko (2015) Квалитетното селектирање на кадрите како предуслов за успешно работење на организациите. In: Современите менаџерски предизвици и организациските науки. БАС Институт за менаџмент, Битола, pp. 381-389. ISBN 978-608-4729-03-7

This is the latest version of this item.

[img]
Preview
Text
Труд за БАС Битола.pdf

Download (229Kb) | Preview

Abstract

Управувањето со човечките ресурси отсекогаш било предмет на посебен интерес на науката и секојдневната човечка пракса како израз на неопходноста за групен начин на живот и работа. Изборот на квалитетни човечки ресурси, за продуктивно и задоволително функционирање на организациите, е постојан и критичен менаџерски предизвик. Само способните, талетирани и работно дисциплинирани кадри, кои се вработени преку процесот на правилна селекција, можат да придонесат за успешност во сéвкупните активности во организацијата. Затоа, успешните организации, денес, значително инвестираат во пари, време и напор во изборот, односно селектирањето на човечките ресурси. Тоа го бараат и новите економски услови, каде, посебно се афирмираат кадрите во организацијата и се јавуваат како одлучувачки фактор на конкурентската способност. Оттука, произлегува дека целта на процесот на селекција е да се предвиди идната ефикасноста на вработените и целата организација. Во трудот, табеларно и графички, се прикажани резултатите од направеното истражување за процесот на селекција на човечки ресурси, спроведено во повеќе претпријатија, кои покажуваат дека овој процес е често недоволно обмислен и организиран.

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Slagana Stefanova
Date Deposited: 05 Feb 2015 10:16
Last Modified: 05 Feb 2015 10:16
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12291

Available Versions of this Item

  • Квалитетното селектирање на кадрите како предуслов за успешно работење на организациите. (deposited 05 Feb 2015 10:16) [Currently Displayed]

Actions (login required)

View Item View Item