Биофизика - скрипта

Stojanovska, Zdenka (2014) Биофизика - скрипта. ISBN 978-608-244-111-5.

[img] Text
Биофизка e biblioteka zakacena.pdf
Restricted to Repository staff only

Download (9Mb) | Request a copy
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/ugd/index.php?id=381

Abstract

Медицинските науки и медицинската пракса се карактеризираат со интердисциплинарност, која речиси во сите области бара сериозен тимски пристап. Во денешно време, тешко е да се замисли современата медицина без: методите за сликање, микроскопирањето, ласерите, како и примената на јонизирачките зрачења во дијагностиката и терапијата. Во текот на проучувањето на функциите на органите и системите во човечкото тело неопходни се познавања и на физичките закони. Физиката како наука заснована врз теоријата и експериментите е моќен метод за проучување на физиолошките процеси. Исто така, за проучувањето на ефектите врз организмот од различните природни и вештачки причинители кои се од особен значење во дијагностиката, терапијата и хигиената, неопходно е добро познавање на физиката. Од тука призлегува и се развива нова област на применетата физика: биофизика. Оваа скрипта е прирачник за реализација на наставната програма по „Биофизика” предвидена за студентите по Општа медицина, како и за студентите од другите студиски групи на Факултетот за медицински науки при УГД Штип. Скриптата е составена од 56 наставни едници систематизирани во седум главни теми. Во првата тема „Биомеханика” се опфатени движењата, причините за движењата и енергијата. Разработени се силите, кои дејствуваат врз човекот во гравитационо поле, како и ефектите што ги предизвикуваат. Понатаму следи темата „Механички осцилации и бранови”, во која е претставен процесот на создавање на осцилации и бранови, како и нивните физичаки карактеристики. Во овој дел се обработува и звукот преку неговите физички и физиолошки карактеристики. Процесот на слушање, биолошките ефекти, како и примената на звукот и ултразвукот во медицината. Третата тема „Биомеханика на флуиди” ги објаснува физичките законитости поврзани со хидростатиката и хидродинамиката на идеалните течности. Потоа, законитостите се применети во објаснувањето на реалните течности, односно за циркулација на крвта низ кардиоваскуларниот систем. Во оваа тема, се објаснети и површинските ефекти кои се јавуваат на граница меѓу различни средини. Следната, четвртата тема: „Термодинамика и Транспортни процеси” ги разработува начините на преност на топлина и супстанца од физички аспект, а потоа и кај човечкиот организам. На едноставен начин е прикажан преносот на супстанца низ клеточна мембрана. Петтата тема: „Електрични и магнетни појави” ги објаснува законитостите кои владеат во електрично и магнетно поле. Начинот на создавање на биопотенцијалите, нивното мерење како основа на функционалната медицинска дијагностика се исто така објаснети во согласност со предзнаењата на студентите. Обработена е и темата за примената на правата и наизменична струја во медицинската електротерапија. Во шестата тема „Светлина”, дадени се физичките основи и се објаснети: процесот на гледање, оптичките недостатоци на окото, како и начинот на нивната корекција. Во овој дел се обработени и електромагнетните бранови од оптичката област, како и нивната примена во медицината. Објаснет е принципот на работа на ласерет како моќна алатка во современата медицина. Во последната, седма тема, „Јонизирачко зрачење”, се систематизирани видовите, начините на интеракција и биолошките ефекти од јонизирачкото зрачење. Во овој дел се детално разработени и физичките основи на рендгенската и радионуклидната дијагностика и радиотерапија.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Natural sciences > Physical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Zdenka Stojanovska
Date Deposited: 03 Feb 2015 08:54
Last Modified: 03 Feb 2015 08:54
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12232

Actions (login required)

View Item View Item