Теоретски аспекти на комуникацијата како процес за размена на информации

Dzamtoska-Zdravkovska, Suzana and Majhosev, Andon (2014) Теоретски аспекти на комуникацијата како процес за размена на информации. Center for Legal and Political Research, Faculty of Law, Goce Delcev University, Stip, Republic of Macedonia. pp. 1141-1158. ISSN ISBN 978-608-244-129-0

[img]
Preview
Text
CPLRM-Suzana%2C Andon m.pdf

Download (1007Kb) | Preview

Abstract

Комуникацијата е широко експлоатиран поим или, поточно кажано, општествен феномен за кој во современата наука постојат различни дискурзивни пристапи. Но, без разлика на пристапниот дискурс, во секој од нив комуникацијата ја потврдува безусловноста на своето постоење како предуслов за функционирање на човекот како битие, на општеството како систем. Пристапот што се применува во овој труд ја застапува тезата дека во основа на комуникацијата е информацијата и оттаму комуникацијата претставува активен процес на размена на информации, процес на креирање и разменување пораки во рамки на една мрежа со меѓусебно зависни односи. Осврнувајќи се на теоретските аспекти на комуникацијата како процес за размена на информации, во трудот посебен акцент се става на внатрешната комуникација и нејзиното суштинско значење за развој, управување и ефикасно функционирање на една организација. Истражувањето направено преку анализа на различни теоретски пристапи кон комуникацијата ја потврдуваат почетната истражувачка хипотеза дека комуникацијата и информацијата се парни категории кои неминовно одат една покрај друга, а пак размената на информации, како дел од комуникацискиот процес има сé поголемо значење, особено во услови кога таа носи и дава знаење коешто кореспондира со потребите на одредена индивидуа, група или организација. Оттаму, добро воспоставените правила за интерна комуникација од аспект на размена на информации имаат приоритетна улога и се поставуваат како услов за успешно функционирање на една организација. Клучни зборови: комуникација, информација, размена на информации.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Media and communications
Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Andon Majhosev
Date Deposited: 28 Jan 2015 13:13
Last Modified: 28 Jan 2015 13:13
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12157

Actions (login required)

View Item View Item