Одличен настап на студентот Петре Штерјов со Македонската филхармонија

13.6.2014 - На 3 јуни во салата на Македонската опера и балет како солист со Македонската филхармонија настапи Петре Штерјов, студент по пијано од втора година на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. д-р Милица Шкариќ.

Штерјов го исполни првиот став на Концертот бр. 2 за пијано и оркестар од Лудвиг ван Бетовен. Неговата изведба беше прецизна, со јасно изградена музичка архитектура и боја на звук која наликува на ова рано Бетовеново дело. Петре Штерјов е првиот студент по пијано од ФМУ при УГД, кој има настапено како солист со Македонската филхармонија, а за овој настап беше избран на аудиција во сериозна конкуренција од повеќе студенти на факултетите за музичка уметност во Скопје, Штип и во Тетово.