Дизајн и анализа на експерименти

Dimeski, Dimko and Srebrenkoska, Vineta (2014) Дизајн и анализа на експерименти. Универзитет „Гоце Делчев” - Штип . ISBN 978-608-244-057-6

[img]
Preview
Text
DIZAJN I ANALIZA NA EKSPERIMENTI FN SC.pdf

Download (4Mb) | Preview
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/ugd/index.php?id=312

Abstract

Решавањето на мноштво проблеми во хемијата и хемиската технологија, како и во останатите гранки од инженерството, често е поврзано со изведување на сложени и скапоцени експерименти. Оттука е разбирливо значењето од постоењето на начини и методи за оптимално планирање на експериментите, кои во низа случаи овозможуваат суштествено да се скратат времето и материјалните трошоците при извршување на истражувањето. Долго време редоследот на извршување на експериментите бил базиран на личното искуство и интуиција на истражувачот. Методите на оптимално планирање на експериментите овозможуваат користење на математички методи не само за обработка на резултатите од тестовите, туку и во фазата на подготовката и спроведувањето на експериментите. Работата на истражувачите кои ги користат тие методи значително се олеснува, затоа што се изведува по логично дефинирана, редоследна постапка. Во современата математичка теорија за оптимално планирање на експериментите постојат два основни оддели: 1. Планирање на експериментите заради изучување на механизмите на сложените процеси и својствата на повеќе-компонентните системи. 2. Планирање на експериментите заради оптималност на технолошките процеси и својствата на повеќе-компонентните системи. За пошироко распростирање на методите за планирање (дизајн) и анализа на експериментите меѓу истражувачите неопходно е постоење на методолошки упатства напишани на разбирлив, јасен и едноставен начин. Токму од таа мисла се водевме при пишувањето на овој е-учебник; да биде концизен, јасен, лесно разбирлив, и применлив.

Item Type: Book
Subjects: Engineering and Technology > Materials engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Vineta Srebrenkoska
Date Deposited: 23 Jan 2015 10:14
Last Modified: 23 Jan 2015 10:14
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/12028

Actions (login required)

View Item View Item