Определување на масни киселини во масла за јадење со техника на капиларна гасна хроматографија

Kostik, Vesna (2012) Определување на масни киселини во масла за јадење со техника на капиларна гасна хроматографија. In: Научно-стручен собир, 21 Dec 2012, Универзитет „Гоце Делчев’’-Штип , Факултет за медицински науки.

[img]
Preview
Text
Abstracts FMN UGD 2012[1].pdf - Published Version

Download (958Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
MASNI KISELINI POSTER.pdf

Download (137Kb) | Preview

Abstract

Концентрацијата на масни киселини во маслата за јадење, како и односот помеѓу незаситените и заситените масни киселини во нив, е исклучително важен индикатор за определување на хранливата вредност на маслата. Аналитичките методи кои се применуваат за идентификација и определување на масните киселини со примена на техниката на капиларна гасна хроматографија, најчесто вклучуваат дериватизација на масните киселини со BF3 во метанол или со H2SO4 во метанол, при што масните киселини се определуваат како метил естри. Меѓутоа, реагенсите кои се користат за сериватизација се токсични и корозивни. Цел:Од овие причини, цел на нашите испитувања, беше да се разработи едноставна, брза, прецизна и точна метода за определување на содржината на масни киселини со долг низ: C16:0; C18:0; C18:1;C18:2 и C18:3 во масла за јадење без употреба на реагенси за дериватизација. Методата за определување на масните киселини во маслата за јадење вклучува развој и оптимизирање на експерименталните услови за изолација на масните киселини од маслата како и нивна идентификација и определување со техника на капиларна гасна хроматографија. Принцип на методата: По сапонификацијата која се врши со метанолен раствор на KOH (0,5 mol/l), масните киселини се ослободуваат со додавање на 25 % (волумен/волумен) раствор на хлороводородна киселина (pH=3), по што се екстрахираат со петрол-етер (40-60). Масните киселини се определуваат како слободни (недериватизирани) со техника на капиларна гасна хроматографија (GLC) со употреба на HP-FFAP колона. Идентификацијата и определувањето на секоја поединична масна киселина се врши со споредба со соодветен референтен стандард. Споредбата на добиените резултати за определување на масните киселини (C16:0; C18:0; C18:1;C18:2 и C18:3) во сончогледово масло за јадење (n=40), добиени со директната метода на определување, како и на резултатите добиени со методата за определување како метил естри (со дериватизација со употреба на H2SO4 во метанол), не покажуваат статистички значајна разлика. Клучни зборови: капиларна гасна хроматографија, колонска хроматографија, масни киселини, метил естри на масни киселини, масла за јадење

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Vesna Kostik
Date Deposited: 20 Jan 2015 14:21
Last Modified: 20 Jan 2015 14:21
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11947

Actions (login required)

View Item View Item