Како Петко не си ги заврши обврските?

Mirascieva, Snezana (2014) Како Петко не си ги заврши обврските? In: Како Петко не си ги заврши обврските? Општествена култура - сликовници, 1 . ОХО, Скопје, pp. 28-33. ISBN 978-608-4645-28-3

[img]
Preview
Text
d1.pdf

Download (91Kb) | Preview
Official URL: http://issuu.com/oxomacedonia/docs/petko_sam_doma

Abstract

(Сликовница: Како Петко не си ги заврши обврските?),Тема: Права и одговорности во општеството. Сликовницата е дел од образовниот проект „Сите сме еднакви“ поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Проектот „Сите сме еднакви“ е образовен проект за ученици од основни училишта, поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Проектот ќе се реализира во 21 основно училиште во Република Македонија од 1. јуни 2013 – 31. март 2015 година. Проектот е воведен преку интегрирање на едукативни содржини во наставата во предметите „Општество“ и „Запознавање на околината“ од одделенска настава. Основната цел е да изгради чувство на лична одговорност кај учениците со почитување на културните вредности. Проектот има силна интеркултурна и меѓуетничка компонента и обезбедува платформа за здружување на ученици кои имаат различно културно, етничко и социјално потекло. Проектот ги надополнува тековните училиштни активности со интерактивни и интердисциплинарни содржини како што се: владеење на правото, основни човекови права и различност. Активности Дел од предвидените активности кои ќе се реализираат во училиштата се следните: - Ликовна изложба за училишната кампања „Права и обврски“ - Традиционален танц за училишната кампања „Почитување и различност во мултиетничко општество“ - Интерактивни спортски и забавни игри за училишната кампања „Мултиетничко општество“ - Конкурс за разгледници за училишната кампања „Еднаквост и човекови права“ Училишта вклучени во проектот Проектот се реализира во 21 основно училиште во Република Македонија. Во овие училишта учат ученици од различна етничка припадност. При изборот на училиштата земен е предвид регионалниот пристап, опфатени се рурални и урбани средини и застапен е принцип на инклузија на деца со посебни потреби. Опфатени се 8.000 деца и 320 наставници од одделенска настава. Училишта опфатени во проектот: 1. ОУ „Башкими Единство“- Гостивар 2. ОУ „Кирил Пејчиновиќ“- Теарце 3. ОУ „Братство Единство“- Охрид 4. ОУ „Страшо Пинџур“- Вевчани 5. ОУ „Тоде Хаџи Тефов“- Кавадарци 6. ОУ „Јосип Броз Тито“- Валандово 7. ОУ „Владо Полежиноски“- Кичево Медиумска застапеност Детската емисија „5+“ која се емитува на две национални телевизии (Телма и АлсатМ), на македонски и на албански јазик, е комуникациско средство за подигнување на свеста на децата и пошироката јавност, како и за промоција на сите активности од овој проект. Материјали • Сликовници • Прилози • Методологија Материјали За потребите на проектот, продуцирани се 4 сликовници кои служат како дидактичко средство во наставата по предметите „Општество“ и „Запознавање на околината“ во одделенска настава. Темите што се опфатени во сликовниците се: • Права и одговорности во општеството • Почитување и различност во мултиетничко општество • Тимска работа и фер игра • Еднаквост Методологија Суштина и значење на интегрираното планирање во наставата, како дел од проектот „Сите Сме Еднакви” - Проф. Д-р Снежана Мирасчиева

Item Type: Book Section
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Snezana Mirascieva
Date Deposited: 01 Apr 2015 10:52
Last Modified: 07 Aug 2015 07:40
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11939

Actions (login required)

View Item View Item