Евреите и еврејските маала во сопствената меморија и меморијата на своите сограѓани

Josimovska, Verica and Josimovska, Elena (2014) Евреите и еврејските маала во сопствената меморија и меморијата на своите сограѓани. In: Меѓународна конференција: Евреите во Македонија: историја, традиција, култура, јазик и религија по повод 70 години од возобновувањето на работата на еврејската заедница во Македонија по Втората светска војна (1944 - 2014), 18-19 Dec 2014, MANU - Skopje, Macedonia. (Unpublished)

[img]
Preview
Text
Евреите во Македонија, меѓународна конференција -програма.pdf

Download (1286Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Евреите и еврејските маала во сопствената меморија и меморијата на своите сограѓани.pdf

Download (317Kb) | Preview

Abstract

Депортацијата на Евреите од Штип на 11. март 1943.година ќе остане запаметена во историјата на овој град и по трагичните настани што уследија по заминувањето црните камиони полни со луѓе од сите возрасти и полови кои никогаш повеќе не се вратија назад. А и по некоја случајност, да можеа да се вратат , немаше каде, зошто не само тие, „депортирани“ беа и нивните домови и имотот во целина. Судбината на Еврејското маало во Штип по заминувањето на неговите жители, беше толку трагична што остави длабоки траги во сеќавањата на очевидците. Уништено до темел, без трага, ни прозор ни врата ни темел, но, неговата локација остана да постои како усно предание во колективната меморија на Штип. Безмилосното уривање на домовите на луѓето не беше ништо друго до желбата да се сокрие вистината од светот. Но, таа ни тогаш а ни денес не може да се сокрие ниту пак да се заборави. Покрај усните кажувања на оние Штипјани што сето ова го виделе со свои очи, особено оние помладите, останаа како сведоци и разните документи по историските архиви во кои многу јасно е напишано што и од кого е одземено. Во разните објави за распродажба на имотот на Евреите таа вистина сеуште е жива. И фотографиите се исто така едно големо сведоштво за настаните што се случувале по депортацијата.Тие точно ги забележале сите етапи на бришењето на историјата зад која стои големото злосторство. Клучни зборови: Штип, Еврејско маало, конфискација на имот, уривање на еврејските домови. Deportation of Jews from Stip 11 th of March year 1943 will be remembered in the history of this city as a very tragic events that followed the departure of the jewish people in a black trucks filled with people of all ages and sexes who will never returned back. And if the wanted to come back by any accident, they could return no where, as they homes did not existed enymore. The fate of the Jewish neighborhood in Stip after the departure of its inhabitants was so tragic that left deep traces in the memories of some local eyewitnesses Nothing was left behind . Destroyed to the ground, without a trace no windows left no doors left .Only thing in the present day is the location which testify only as mouth to mouth words in the collective memory of Stip.Relentless destruction of Jewish people's homes was nothing more but to hide the truth from the world. But even then and today we can not hide or forget the true . Besides mouth to mouth stories or those from Stip which all have seen with their own eyes, especially remained witnesses also left from this tragic event documents various historical archives photographs which very clearly you can see and read that had been taken away from the Jewish community from the city Stip. In various published for sale property of Jews the truth is still alive. The photos are also a great testimony of the events that occurred after deportation of the Jewish people. They have been recorded all stages of deleting the history behind which stands the great crime. Keywords: jewish community in city Stip, confiscation, destruction of Jewish homes

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Verica Josimovska
Date Deposited: 26 Jan 2015 10:36
Last Modified: 26 Jan 2015 10:36
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11890

Actions (login required)

View Item View Item