Детерминанти на придонесот на туризмот во економскиот развој на Македонија

Petrevska, Biljana (2014) Детерминанти на придонесот на туризмот во економскиот развој на Македонија. In: First International Scientific Conference "Social change in the global world", 12-15 Sept 2014, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Determinanti na pridonesot na turizmot vo ekonomskiot razvoj na Makedonija.pdf

Download (935Kb) | Preview

Abstract

Туризмот претставува една од најбрзо растечките индустрии во светот. Ако се имаат предвид многубројните позитивни влијанија кои туризмот ги има врз економијата, сосема е оправдан фактот што речиси сите земји, независно од степенот на економски развој, настојуваат да го развијат. Овој труд има за цел да го истражи влијанието на неколку фактори кои се особено значајни во појаснувањето на придонесот на туризмот во економскиот развој на Македонија. Поконкретно, ова емпириско истражување прави обид да ја открие зависноста и степенот на значајност на одредени детерминанти кои најчесто го опишуваат туристичкиот придонес. Во таа насока, во истражувањето испитувана е меѓузависноста помеѓу, од една страна, капиталните инвестиции во туризмот, бројот на доаѓања на странските туристи и вкупниот број ноќевања, и нивното влијание кое го имаат врз бруто домашниот производ кој е креиран во туризмот. За таа цел, направена е повеќекратна регресија преку примена на методот на најмали квадрати (OLS). Временскиот период се протега во интервалот помеѓу 1993-2012 година. Резултатите од истражувањето покажуваат дека некои детерминанти се манифестираат со голема еластичност што зборува за нивно големо влијание врз економскиот развој во Македонија. Наспроти нив, трудот ги дефинира оние детерминанти на туристичкиот придонес кои имаат многу скромно значење за Македонската економија. На крајот, произлегува заклучокот за неоходност од постојано следење и анализа на директните економски влијанија на туризмот како значајни фактори во зајакнување на националната економија.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Uncontrolled Keywords: Туризам; Економски развој; Повеќекратна регресија; Македонија.
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Biljana Petrevska
Date Deposited: 29 Dec 2014 10:32
Last Modified: 29 Dec 2014 10:32
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11857

Actions (login required)

View Item View Item