Најчесто користени методи за дијагностицирање на diabetes mellitus и нивната улога во превенцијата и лекувањето

Andreeva, Ljubica and Velickova, Nevenka and Gorgieva, Pale and Nedeljkovik, Bojana (2014) Најчесто користени методи за дијагностицирање на diabetes mellitus и нивната улога во превенцијата и лекувањето. In: 42-nd October meeting, Union of associations of medical laboratory and sanitary tecnicians of the Republic of Macedonia, 02-05 Oct 2014, Ohrid, Macedonia.

[img]
Preview
Image
НАЈЧЕСТО КОРИСТЕНИ МЕТОДИ ЗА ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ НА DIABETES MELLITUS И НИВНАТА УЛОГА ВО ПРЕВЕНЦИЈАТА И ЛЕКУВАЊЕТО.jpg

Download (502Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Programa_oktomvriski sredbi_laboranti_2014.pdf

Download (664Kb) | Preview

Abstract

Diabetes mellitus е автоимуно заболување во кое β клетките кои лачат инсулин, стануваат субјект на специфичен напад на сопствениот имунолошки систем. Вакавата аватоимуна болест се карактеризира со различен долг но во исто време и “тивок“ период во кој не се среќаваат вообичаените симптоми на болеста. Моментно се проценува дека во светот боледуваат околу 151 милиони луѓе и истиот е во постојан пораст. Во Република Македонија се евидентирани околу 60.000 болни. Цел на студијата: Да се утврди бројот на заболени од diabetes mellitus во општина Радовиш до 2013 год., застапеноста по возраст и пол и примената на различни методи за дијагностицирање на истата. Материјал и методи: Користени се податоци од пациенти кои се заболени со diabetes mellitus, дијагностицирана со помош на лабораториски методи (ОГТТ и одредување на концентрацијата на глукозата преку методот на хексокиназа) извршени во биохемиската лабараторија во ЈЗУ,, Здравен дом,,- Радовиш. Резултати: Во општина Радовиш до 2013 год. се регистрирани 627 пациенти заболени од diabetes mellitus, од кои 275 се мажи, а 357 се жени, најголемиот број на заболени се на возраст од 54-64 год. Во 2012 год. регистрирани се 52, а во 2013 регистрирани се 55 нови пациенти заболени од Diabetes mellitus. Најголем број на заболени во 2012 год. се наоѓаат на возраст 44-54, а во 2013год. на возраст од 55-56. Во зависност од половата застапеност во 2012 год. 22 се мажи, а 30 се жени, а во 2013 год. 25 се мажи, а 30 се жени. Заклучок: Бројот на заболени од diabetes mellitus рапидно се зголемува секоја година подеднакво и кај двата пола, најчесто на возраст од 44-56 год. Од таа причина ова е доволен сигнификантен знак за тоа колку е битна примената и улогата на различните биохемиски методи во раното дијагностицирање на diabetes mellitus како и во превенцијата и откривањето на ризик факторите кои доведуваат до истата.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nevenka Velickova
Date Deposited: 26 Dec 2014 11:47
Last Modified: 26 Dec 2014 11:47
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11806

Actions (login required)

View Item View Item