Анализа и процена на каналната оптурација во зависност од техниката на гутаперка апликација

Kovacevska, Ivona and Dimova, Cena and Georgiev, Zlatko and Muratovska, Ilijana and Papakoca, Kiro and Bilbilova-Zabokova, Efka and Radeska, Ana and Denkova, Natasa and Naskova, Sanja and Foteva, Katerina and Petrovski, Mihajlo (2014) Анализа и процена на каналната оптурација во зависност од техниката на гутаперка апликација. [Project]

[img]
Preview
Text
PROEKT ИВОНА.pdf

Download (2900Kb) | Preview
Official URL: http://scholar.ugd.edu.mk/ikovacevska/software

Abstract

Цел: Предмет на Научно-истражувачкиот проект ќе биде анализа и процена на каналната оптурација во релација со кондиционирањето на дентинот и различните техники на гутаперка апликацијата. Материјал и метод: Реализацијата на проектот ќе биде на вкупно 120 еднокорени, интактни хумани заби кои ќе бидат категоризирани во две групи од по 60 примероци.Во првата група каналната оптурација ќе се направи со силерот АН plus и техниката GutaFlow гутаперка, додека во втората група модифицирана single cone техника на гутаперка. Пред дефинитивната канална оптурација ќе се реализира подготовка и чистење на каналниот дентин според редоследот: подгрупа А - 30 заби ќе бидат кондиционирани со Nd:Yag ласер, односно, подгрупа Б – 30 заби со апликација на 17% раствор на EDTA. Со турбина, и специфични шајбни, на корените ќе бидат направени напречни пресеци со дебелина од 2mm во ниво на орофициумот, средната третина и апикалната третина од коренот. Квантитативната и квалитативна анализа и процена на интраканалната оптурација, и маргиналната адаптација ќе биде реализирана на SEM електронски микроскоп од двата независни тима на истражувачи вклучени во Научно-истражувачкиот проект. Очекувани резултати: Со реализирање на приложените предлог испитувања ќе се добие одговор за поврзаноста на каналниот силер со кондиционирањето и неговата атхезија кон дентинот. Пластичната капсулирана гутаперка согласно нејзината конзистенција би требало максимално успешно да го запечатува ендодонтскиот простор. Прелиминарни заклучоци: Процената и анализата на каналната оптурација како и успешната маргинална адаптација ќе бидат валоризирани во поедините стоматолошки дисциплини и ќе придонесат за продолжување на векот на опстанок на авиталните заби во оралната средина.

Item Type: Project
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ivona Kovacevska
Date Deposited: 25 Dec 2014 10:31
Last Modified: 25 Dec 2014 10:31
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11740

Actions (login required)

View Item View Item