Информатичкиот систем на ЕВРОПОЛ

Kosevaliska, Olga and Nanev, Lazar (2014) Информатичкиот систем на ЕВРОПОЛ. In: Влијанието на научно-технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија: Зборник на трудови / Втора меѓународна научна конференција, 30-31 Oct 2014, Skopje, Macedonia.

[img]
Preview
Text
trud EUROPOL ZBORNIK.pdf

Download (1257Kb) | Preview

Abstract

ЕВРОПОЛ е тело на Европската Унија надлежно за спроведување на законот, кое работи со криминалистичко-разузнавачки информации. Негова цел е подршка во подобрување на ефективноста и соработката помеѓу надлежните органи на земјите членки во спречувањето и борбата против кривичните дела од мандатот на ЕВРОПОЛ. Една од главните задачи на ЕВРОПОЛ е собирање, чување, обработка, анализа и размена на податоци и разузнавачки информации како и известувања до надлежните органи на земјите-членки за информациите што ги засегаат и за сите откриени врски меѓу кривичните дела; помош за истраги во земјите-членки, особено преку доставување на сите релевантни информации до националните единици; повикувања до надлежните органи на засегнатите земји-членки да започнат, водат или координираат истраги и предлози за основање заеднички истражни тимови во посебни случаи; обезбедување разузнавачка и аналитичка поддршка на земјите-членки во врска со големи меѓународни случаи; подготовка на проценки на закани, стратешки анализи и извештаи поврзани со неговата цел и сл. Токму за успешното завршување на ваквите комплексни задачи, ЕВРОПОЛ има комплексен информативен систем кој треба да кореспондира со тековните задачи на ова тело. Истиот е составен од следниве компоненти:Информативен систем (т.н. Комуникациски информативен систем); Работните досиеја за анализи и Индекс систем. Оттука, овој труд има за цел да го елаборира овој информативен систем и да укаже на неговите предности и недостатоци кои би можеле да го нарушат и доведат во прашање мандатот на ЕВРОПОЛ. Клучни зборови: ЕВРОПОЛ, податоци, информатички систем, заштита на податоци.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Olga Gurkova
Date Deposited: 11 Dec 2014 15:22
Last Modified: 07 Aug 2015 09:53
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11704

Actions (login required)

View Item View Item