Квалитетнo регрутирање на кадри како преуслов за успешно работење на организациите

Stefanova, Sladzana and Miceski, Trajko (2014) Квалитетнo регрутирање на кадри како преуслов за успешно работење на организациите. In: Општествените промени во глобалниот свет - Прва меѓународна научна конференција, 11-13 Sept 2014, Штип, Република Македонија.

[img]
Preview
Text
S.Stefanova; T. Miceski - Faculty of Law.pdf

Download (3457Kb) | Preview

Abstract

Денес, организациите работејќи под силен притисок од окружувањето и самите стеикхолдери се соочени со предизвикот за остварување на високи добивки со оптимални вложувања во ресурси. Притоа, може да се тргне во погрешна насока доколку човечките ресурси се третираат на ист начин како и останатите ресурси. Човечките ресурси не се само најзначаен ресурс на една организација, туку и најскап и најпроблематичен ресурс и затоа за нив треба да се покажува највисок степен на внимание и интерес. Во време на постојани промени, рецесии и висока конкурентност, секој организациски субјект мора да ги преземе сите активности со цел да го избере најсоодветниот работник за работното место кое го нуди. Во тој поглед правилното регрутирање како круцијален фактор на менаџментот на човечки ресурси има најголемо влијание врз перформансите на една организација. Всушност, самото регрутирање влијае врз целокупните резултати на организацијата, бидејќи од квалитетот на вработените зависи квалитетот на работењето на организацијата. Во трудот, табеларно и графички, се прикажани резултатите од направеното истражување за процесот на регрутирање, спроведено во повеќе претпријатија, кои покажуваат дека не се користат адекватни критериуми при регрутирањето и не спроведува сеопфатна регрутација. Клучни зборови: човечки ресурси, менаџмент, кадри, стеикхолдери, регрутација, конкурентска способност, перформанси

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Slagana Stefanova
Date Deposited: 12 Dec 2014 10:51
Last Modified: 12 Dec 2014 10:51
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11696

Actions (login required)

View Item View Item