Капацитет за партиципативност и транспарентност при носење на одлуки во единици на локална самоуправа во Источен плански регион

Ananiev, Jovan and Denkova, Jadranka and Stojanovski, Strasko and Lazarova, Limonka and Natasa, Amidju (2014) Капацитет за партиципативност и транспарентност при носење на одлуки во единици на локална самоуправа во Источен плански регион. [Project] (In Press)

[img]
Preview
Text
PROEKT Praven fakultet 2014-15.pdf

Download (581Kb) | Preview
Official URL: http://goo.gl/MkMUzH

Abstract

Еден од клучните сегменти за градење на демократските капацитети кај Единиците на Локална самоуправа е транспарентноста на процесот на носење на одлуки и инклузивностa на граѓаните во рамките на ваквиот процес. Граѓанската партиципативност овозможува да се донесуваат поквалитетни одлуки, а со тоа и полесно да се ефектуираат политиките на локалните власти. Исто така транспарентноста на локалната администрација, заедно со локалните политички тела (Градоначалник и Совет), овозможува да се создаваат добри практики, кои го подигаат нивото на политичка култура и јавната свест кај граѓаните да бидат проактивни кога се работи за прашања кои ги засегаат. Капацитетот за носење на квалитетни одлуки на Единиците на Локалните самоуправи, кој зависи од повеќе фактори (релациите со централната власт, соработката на градоначалникот и советот, меѓуопштинската соработка, капацитетот на локалната администрација, квалитетот на нормативната регулатива, како и нивото на јавна поддршка кај граѓаните), е динамичка категорија која претпоставува балансирање на политиките и праксите и нивно интегрирање во севкупната општествена слика. Оттука, доколку се имаат во предвид сите фактори на влијание, може да се дојде до модел кој не само што ја детектира транспарентноста во политиките на носење на одлуки, туку и ке овозможи истите да станат апликативни во пракса и да овозможат ефективност во процесот на одлучување и управување во единиците на локалната самоуправа. Клучни зборови: Локална самоуправа, Граѓанска партиципација, Јавна Администрација, Носење на одлуки, ефикасност

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Law
Natural sciences > Matematics
Social Sciences > Other social sciences
Social Sciences > Political Science
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Strasko Stojanovski
Date Deposited: 29 Dec 2014 10:39
Last Modified: 29 Dec 2014 10:39
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11656

Actions (login required)

View Item View Item