Енергетски пасивни објекти за домување

Milevski, Vasko and Cingoski, Vlatko (2014) Енергетски пасивни објекти за домување. In: Втора меѓународна научна конференција „Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија", 30-31 Oct 2014, Skopje, Macedonia.

[img]
Preview
Text
2014-7 EvroBalkan - 2014, Skopje - Pasivni Energetski Objekti za Domuvanje.pdf

Download (2505Kb) | Preview

Abstract

Пристапот до енергетски ефикасни и економски прифатливи енергетски ресурси е многу важен предуслов за брз економски развој на една земја. Ограничените енергетски ресурси и еколошките проблеми кои се јавуваат како резултат на употребата на различни извори на енергија, пред сé јаглен, сурова нафта, природен гас, но и електрична енергија произведена со користење на овие примарни енергетски извори, мора сериозно да се има во предвид. Во овој труд посебно внимание е посветено на ефикасното искористување на енергијата на примарните извори, вклучително и електрична енергија, особено за греење и ладење, преку развој на современ концепт на заштеда на енергија во приватното домување. Со изградба и користење на т.н. пасивни енергетски објекти, како и со внимателно планирање, лоцирање и изградба на такви објекти во комбинација со рационално користење на енергијата, може да се постигне висок степен на заштеда на енергија, намалување на потрошувачката на горивата, зачувување на примарните енергетски извори и значително намалување на вкупните трошоци за енергија.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Engineering and Technology > Civil engineering
Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Engineering and Technology > Environmental engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Vlatko Cingoski
Date Deposited: 09 Dec 2014 11:16
Last Modified: 09 Dec 2014 11:16
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11627

Actions (login required)

View Item View Item