Развојот на социјалните медиуми и нивното влијание врз е-бизнисот

Petreska, Lence and Stojanova, Pavlina and Gelev, Saso (2014) Развојот на социјалните медиуми и нивното влијание врз е-бизнисот. In: Втора меѓународна конференција „Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија“, 30-31 Oct 2014, Skopje, Macedonia.

[img]
Preview
Text
EUBA-63Lence-Pale-Gelev.pdf

Download (1303Kb) | Preview

Abstract

Социјалните медиуми, или како што уште се нарекуваат, “нови медиуми”, се релативно нов феномен и предмет на многубројни расправи и дебати на повеќе научни полиња, а особено во комуникологијата и новинарството, и секако маркетингот и промоцијата. Влијанија се регистрираат и врз политичкиот и секојдневниот живот. Статистиките за растот на социјалните медиуми се навистина импозантни. На пример, едно од главните мерила за раст на одреден медиум се годините потребни да се достигне публика од 50 милиони корисници. Познато е дека на радиото му биле потребни 38 години за да ја достигне оваа бројка, на телевизијата 13 години, додека на интернетот само 4 години. Најважно за социјалните медиуми е дека тие го потенцираат колективното наспроти поединечното. Заедниците постојат во различни облици и големини на интернетот, и луѓето зборуваат меѓусебно. Работата на маркетерите на социјалните медиуми е да ги искористат овие заедници со цел ефективно да комуницираат со учесниците во заедницата во врска со понудата на производи и услуги. Маркетингот на социјални медиуми исто така подразбира слушање на заедниците и воспоставување на односи со претставниците на организацијата. Клучни зборови: социјални медиуми, online- промоција, е-бизнис, маркетинг на социјални медиуми, маркетари

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Saso Gelev
Date Deposited: 09 Dec 2014 10:39
Last Modified: 09 Dec 2014 10:39
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11614

Actions (login required)

View Item View Item