АВНОЈ - АСНОМ - ЈАЛТА - 8 Септември 1991 и македонската државност

Cepreganov, Todor and Nikolova, Sonja and Nechev, Zoran (2014) АВНОЈ - АСНОМ - ЈАЛТА - 8 Септември 1991 и македонската државност. In: АСНОМ и македонската државност, 28 Nov 2014, МАНУ, Скопје. (Unpublished)

[img]
Preview
Text
Програма АСНОМ 1.pdf

Download (267Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Научен собир-70 години АСНОМ-МАНУ-ЗА ПЕЧАТ.pdf

Download (243Kb) | Preview

Abstract

Создавањето на македонската држава во својата генеза неодмунливо е поврзана со неколку примарни моменти, кои свое финализирање достигнуваат пред крајот на Втората светска војна. Ако наша перцепција е финалниот резултат создавањето на слободна и независна македонска држава, патот до неговата реализација започнува со одржувањето на Второто заседание на АВНОЈ. Донесувањето и едногласното изгласување на одлуката за изградба на Југославија врз федеративен принцип, врз основа на правото на секој народ на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување или на обединување со други народи, значеше реализирање на волјата на народот, Југославија во перспектива да се изгради на федеративен принцип, “кој ќе обезбеди полна рамноправност на Србите, Хрватите, Словенците, Македонците односно на народите на Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина”. Со чинот на прифаќање на одредбите на АВНОЈ, синтетизирани и имолементирани на Првото заседание на АСНОМ, за прв пат македонскиот народ се поставува на ново рамноправно рамниште обдинет со останатите народи на југославија со свој законодавен, државотворен орган. АСНОМ значеше реална завршница на ослободителната борба на македонскиот народ. Присутните делегати имаа историска можност да ја изразат суверената волја на македонскиот народ. На тоа ги обврзувала суштината на самата борба и долгогодишните стремежи на македонскиот народ за ослободување и за создавање на самостојна македонска држава. Условите за тоа биле многу поинакви и многу поповолни од оние на самиот почеток на востанието. На конференцијата на Јалта македонското прашање не било поставено на дневен ред ниту на големите тројца, ниту на состаноците на министрите за надворешни работи. Ставот околу обединувањето на Македонија и балканска федерација, САД и Велика Британија го донеле уште пред почетокот на Јалтската конференција?! И последниот меѓник, 8 септември 1991 година за прв пат во својата историја Македонија стана субјект во меѓународната политика. Сите овие четири меѓници се надополнуваат еден с друг на патот до заокружувањето на процесот на формирање самостојна и независна македонска држава.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Todor Cepreganov
Date Deposited: 02 Dec 2014 08:57
Last Modified: 04 Aug 2015 10:11
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11541

Actions (login required)

View Item View Item