Семантиката на турскиот суфикс -ли /-lİ/ (-lı, -li, -lu, -lü) во турскиот и во македонскиот јазик

Leontik, Marija (2014) Семантиката на турскиот суфикс -ли /-lİ/ (-lı, -li, -lu, -lü) во турскиот и во македонскиот јазик. Годишен зборник 2014 - Филолошки факултет, УГД - Штип (5). pp. 53-62. ISSN 1857-7059

[img]
Preview
Text
Марија-Леонтиќ-Годишен-зборник-2014.pdf

Download (1986Kb) | Preview

Abstract

Апстракт: Македонскиот и турскиот народ живееле заедно пет века и влијанието на турскиот јазик врз македонскиот јазик е големо. Турскиот јазик влијаел врз морфологијата на македонскиот јазик. Влијанието на турскиот јазик врз морфолошкиот систем на македонскиот јазик се гледа особено во внесување на нови суфикси како што е -ли /-lİ/ (-lı, -li, -lu, -lü). Овој суфикс има зборообразувачка фукција. Пр. аирлија, кавгалија, касметлија, локумлија, лимонлија, марифетлија, мераклија, памуклија, табиетлија, фајдалија, шербетлија и сл. Турскиот суфикс -lı, -li, -lu, -lü (-ли) успеа да се оддели од лексичката заемка, да стане самостоен и да добие зборообразувачка функција во македонскиот јазик. Пр. ѕвездалија, зимурлија, пубертетлија, имотлија, среќлија, универзитетлија, факултетлија и др. Во овој труд ќе се анализира семантиката на турскиот суфикс -ли (-lı, -li, -lu, -lü) во турскиот и во македонскиот јазик. Kлучни зборови: македонски јазик, турски јазик, турски суфикс -ли (-lı, -li, -lu, -lü,), семантика на -ли (-lı, -li, -lu, -lü). Abstract: Macedonian and Turkish people had lived together for five centuries and Turkish influence on the Macedonian language is enormous. The Turkish language has greatly influenced the Macedonian morphology. The influence of the Turkish on the morphological system of the Macedonian language is particularly evident in the introduction of new suffixes like -ли /-lİ/ (-lı, -li, -lu, -lü). This suffix has a wordformation function. For еx. аирлија, кавгалија, касметлија, локумлија, лимонлија, марифетлија, мераклија, памуклија, табиетлија, фајдалија, шербетлија and so on. The Turkish suffixes -lı, -li, -lu, -lü (-ли) managed to separate from the lexical borrowings, to become independent and to have a wordformation function in the Macedonian. For ex. ѕвездалија, зимурлија, пубертетлија, имотлија, среќлија, универзитетлија, факултетлија and so on. In this study I shall discuss the semantic properties of the Turkish suffix -ли (-lı, -li, -lu, -lü) in both the Turkish and the Macedonian language. Key words: Macedonian language, Turkish language, Turkish suffix -ли (-lı, -li, -lu, -lü), semantics of -ли (-lı, -li, -lu, -lü).

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Leontik
Date Deposited: 28 Nov 2014 07:44
Last Modified: 28 Nov 2014 07:44
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11512

Actions (login required)

View Item View Item