Обезвреднување на трудот - Анализа на трудово-правната легислатива во периодот на транзицијата

Saveski, Zdravko and Apasiev, Dimitar and Kovachevski, Aleksandar and Vasilev, Kire (2010) Обезвреднување на трудот - Анализа на трудово-правната легислатива во периодот на транзицијата. "Protection and promotion of the workers rights" . Movement for Social Justice – "Lenka", Skopje, Republic of Macedonia. ISBN 978-608-65134-0-5

[thumbnail of Obezvrednuvanje na trudot.pdf] Text
Obezvrednuvanje na trudot.pdf

Download (1MB)

Abstract

Обично, кога станува збор за незадоволителната состојба со работничките права во Република Македонија се мисли на тоа дека не се почитуваат правата што на работниците им ги гарантира законот. Односно, дека главниот проблем со работничките права е нивното кршење. Како што може да покаже секое теренско истражување, кршењето на работничките права е сериозен проблем кој значително го влошува животниот стандард и човечкото достоинство на работниците во РМ. Но, положбата на работниците немаше да биде толку лоша ако само ова беше проблем. Далеку помалку воочлив проблем, кој е барем исто сериозен колку и кршењето на правата, е нивното постојано намалување. За намалување или кратење на работничките права зборуваме кога преку донесување на нова законска регулатива (измени и дополнувања на постоечки закон или изгласување нов закон) доаѓа до намалување на правата кои законот им ги дава на работниците. Наспроти тоа, кршењето или непочитувањето на работничките права подразбира оневозможување работниците да ги уживаат оние права што се пропишани во законот. И додека и кај самите работници и кај пошироката јавност има јасно изградена свест дека работничките права константно се кршат, тоа е далеку од точно во поглед на намалувањето на работничките права.
Со намера да се покаже дека и намалувањето на работничките права е доста сериозен проблем, пристапено беше кон истражување на законската регулатива што се однесува на работничките права во РМ. Целта на ова истражување е да покаже дека станува збор за смислен неолибералистички процес на намалување на правата, односно дека не се работи за изолирани случаи на намалувања. Исто така, интенцијата беше да се одбегне позитивистичкиот пристап и - преку компаративно-правен метод - да се докаже дека континуирано, без разлика која политичка партија е на власт, се носени негативни промени во законската регулатива на штета на работничките права.

Item Type: Book
Additional Information: COBISS.MK-ID 83318026 CIP - 349.2:340.13(497.7)”1990-2010“
Uncontrolled Keywords: Трудово право, транзиција, работници, работодавачи, закони, измени и дополнувања
Subjects: Social Sciences > Law
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 19 Nov 2012 10:16
Last Modified: 19 Nov 2012 10:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1148

Actions (login required)

View Item View Item