Ефектите на глобализацијата врз менаџментот на човечки ресурси

Lazarovski, Saso (2014) Ефектите на глобализацијата врз менаџментот на човечки ресурси. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
LEKTORIRANA-Magisterska-Saso Lazarovski.pdf

Download (1651Kb) | Preview

Abstract

Глобализацијата e процес кој се однесува најмногу на економијата, политиката, општеството и на културата. Кај секоја од наведените области, глобализацијата може да биде толкувана на различни начини. Сфаќањата за глобализацијата може да се разликуваат, но заедничко им е сфаќањето дека во услови на глобализација доаѓа до зголемена раздвиженост на материјалните и нематеријалните ресурси. Глобалните организации се носители на процесот и ефектите од глобализацијата, имајќи предвид дека токму со своите деловни активности тие доведуваат до зголемување на размената на добра и услуги, интензивирано движење на факторот на производство, капитал и информации. Организациите кои функционираат во глобалниот свет, знаат дека веројатноста за нивниот одржлив успех најмногу зависи од нивната способност да ги привлечат, да ги развијат и да ги задржат талентираните вработени. Во магистерскиот труд се анализирани ефектите од глобализацијата, односно од глобалното окружување на организациите, врз менаџментот на човечки ресурси. Во него, ќе се отворат прашањата кои што се поврзани со ефектот на глобализацијата врз менаџментот на човечките ресурси. Клучни зборови: Човечки ресурси, глобализација, менаџмент, обука, инвестиции, вработени, мотивирање, тимска работа

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 26 Nov 2014 13:00
Last Modified: 26 Nov 2014 13:00
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11477

Actions (login required)

View Item View Item