Харизматичното лидерство како извор на конкурентска предност

Miceski, Trajko and Stojovska, Natasa (2014) Харизматичното лидерство како извор на конкурентска предност. Yearbook, Faculty of Economics, Goce Delcev University - Stip, 6. pp. 7-17. ISSN 1857- 7628

[img]
Preview
Text
T.Miceski,N.Stojovska-GZ-2014.pdf

Download (6Mb) | Preview

Abstract

Денес глобалните услови за деловно работење на претпријатијата,изразени преку силна и немилосрдна конкуренција, променливо потрошувачко однесување, технолошки, информатички и комуникациски напредок, ја отежнуваат пазарната борба на претпријатијата. Во вакви тешки услови за деловно работење, видливите ресурси (финансиски, физички и организациски) сè повеќе го губат приматот во однос на невидливите (човечки ресурси, иновации, репутација). Меѓу невидливите ресурси, пак, човечките ресурси стануваат сè позначајни за опстанокот, растот и развојот на претпријатијата. За да бидат главен извор на конкурентска предност, човечките ресурси треба проактивно да се менаџираат. Ова укажува на потребата од постоење на лидер со харизма, знаење, вештини и способности за правилно водење на вработените по патот на остварување на поставената мисија, визија и цели. Во овој поглед, харизматичниот лидер е личноста која влијае, ги инспирира, мотивира и влева доверба меѓу вработените. Благодарение на карактеристиките според кои тој се разликува од останатите лидери, харизматичниот лидер е клучниот фактор за деловниот успех на претпријатието. Клучни зборови: лидер, харизма, конкурентска предност, претпријатие.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Natasa Stojovska
Date Deposited: 19 Nov 2014 10:39
Last Modified: 19 Nov 2014 10:39
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11358

Actions (login required)

View Item View Item