Извештај за финансиската состојба-подготовка и анализа

Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Dineva, Ivana (2014) Извештај за финансиската состојба-подготовка и анализа. Годишен зборник 2014, Економски факултет, Универзитет Гоце Делчев, Штип, 6. ISSN 1857-7628

[img]
Preview
Text
Zbornik_ekonomski_2014.pdf

Download (7Mb) | Preview

Abstract

Во финансиското сметководство, билансот на состојба или како што се почесто се среќава – извештајот за финансиска состојба, претставува преглед на сите средства, обврски и капитал на една компанија. Тој претставува слика за финансиската состојба на компанијата во еден момент. За разлика од извештајот за финансиска состојба, извештајот за финансискиот успех претставува периодичен финансиски извештај, кој го прикажува остварениот финансиски резултат на компанијата, за еден пресметковен период, најчесто една година. Само заедно, како целина, сите финансиски извештаи даваат целосна слика за работењето на една компанија. Ниту еден финансиски извештај не е поважен од останатите. Стандардниот извештај за финансиска состојба содржи три сегменти: средства, обврски и сопственички капитал. Секоја од овие категории се состои од бројни сметководствени ставки, преку кои се евидентираат различните видови на средства, обврски и капитал кои ги поседува компанијата. Сочинувањето на извештајот за финансиска состојба се заснова на основниот принцип на билансна рамнотежа, што значи дека вредноста на вкупните средства мора да бидат еднакви на вкупните обврски на компанијата. Содржината на одделните ставки во извештајот за финансиска состојба се разликува кај различните компании и индустрии, па така, не постои шаблон кој прецизно би се почитувал од страна на различните видови на бизниси. Секој извештај за финансиска состојба го одразува карактерот на дејноста, големината и комплексноста на работење на компанијата за која се однесува. Клучни зборови: извештај, состојба, средства, обврски, капитал, анализа

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 19 Nov 2014 09:11
Last Modified: 19 Nov 2014 09:11
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11345

Actions (login required)

View Item View Item