Тешки токсични метали во подземните води на Пелагониската котлина

Ristevski, Peco (2014) Тешки токсични метали во подземните води на Пелагониската котлина. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
magisterska rabota.pdf

Download (3311Kb) | Preview

Abstract

Подрачјето на тешки и токсични метали е едно од најчесто истражуваните подрачја денес, во поглед на нивóто на нивната концентрација, мобилноста и акумулацијата, аналитичките техники на детекција, како и нивното влијание врз здравјето на човекот и заштитата на животната средина и билошката разноводност. Квалитетот на подземните водите во последните децении се намалува , па затоа од голем интерес е да се утврди квалитетот на подземните води и доколку се утврди влошувања на квалитетот, да се вложат напори и да се утврдат и причините за тоа, и да се елиминираат истите. Во групата на тешки и токсични метали спаѓаат Na, Al, Sr, Ca Hg, Pb, As, Ni, Cd, Cu, Co, Zn, Al, Mo, Mg, Mn, P, U, K, Cr, V, Fe, Sn, Se,B, Ba. Како медиум во кои е вршено определувањето на тешките и токсични метали е водата од Пелагониската котлина, со примена на методата на ICP-AES (атомско емисиона спектрометрија со индуктивно спрегната плазма). За оваа цел се земени 31 проба од предходно внимателно избрани мерни пунктови, кои би дале репрезентативна слика за квалитетот на водата. Во овој труд ќе бидат презентирани најновите резултати од истражувањата на подземните води на потегот Пелагониска котлина. Клучни зборови (вода, анализа, критериум, параметри, податоци,минерали)

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Industrial Biotechnology
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Dimitar Ljubotenski
Date Deposited: 12 Nov 2014 13:46
Last Modified: 12 Nov 2014 13:46
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11315

Actions (login required)

View Item View Item