Застапеност на деформитети на колена и стапала кај деца и младинци на возраст од 6 до 18 год. во Општина Струмица

Jovanova, Keti (2014) Застапеност на деформитети на колена и стапала кај деца и младинци на возраст од 6 до 18 год. во Општина Струмица. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img]
Preview
Text
Лекториран Спец. Труд Кети Јованова.pdf

Download (1732Kb) | Preview

Abstract

Хармоничното, елегантното и координираното одење е привилегија за здравите нозе. Но, според некои истражувања и статистики од целата популација, во периодот по раѓањето и во подоцнежниот живот, дури 80% од децата имаат проблеми со стапалата. Промените на стапалата се меѓу првите нешта кои ги забележуваат родителите и најблиските кај новороденчињата. Тоа е разбирливо бидејќи овие промени се лесно видливи и забележливи. Токму заради тоа родителите се често пати збунети дали е сѐ во ред со стапалата на детето. Положбата на стапалата на новороденчињата најчесто е резултат на положбата на бебето во матката. Таквата положба продолжува и по раѓањето така што стапалата постепено ја добиваат својата нормална положба во однос на потколениците. Најчесто, корекцијата на стапалата настапува спонтано и кон крајот на првите шест недели од животот на бебето таа потполно се нормализира. Стапалата на детето растат брзо и поради тоа родителите мора да водат грижа и да ги следат промените на должината на стапалата и должината на нозете. Кога детето носи тесни обувки, доаѓа до нарушување на растењето на стапалото, деформација на прстите и воспаление на зглобовите. Детето не ја користи целата површина на прстите која е потребна за стабилно и непречено стоење. Избегнувајќи го болниот контакт на прстите со крајот на обувката, детето ги грчи прстите на нозете рефлексно и постојано и на тој начин започнуваат проблемите на правилно оформување на стапалото, односно почеток на деформитетите. Ние не можеме да ги избираме генетските предиспозиции, но секако дека можеме да ги ублажиме и донекаде да ги санираме ваквите проблеми. Како и кај деформитетите на ’рбетот, и во овој случај има условени деформитети од лошите навики. Изборот на обувките, начинот на кој се носат, 5 кога се носат, како обувката се купува или избира, навидум се едноставни прашања, но сепак не е така. Неадекватните обувки, без анатомски влошки, без меки петици, со мали калапи и слично, надополнето со поголема телесна маса кај детето се главни и најчести фактори за појава на деформитетите на стапалата и нозете кај детето. Деформираните стапала ословуваат и механички промени на стапалата. Преголемо оптоварување на предниот дел на стапалата предизвикува болки и тешкотии во повисоките сегменти од телото. Болка во колената, колковите, ’рбетниот столб во слабинскиот дел се реалност кај детето (човекот) содеформитети на стапалата.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 12 Nov 2014 13:44
Last Modified: 12 Nov 2014 13:44
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11311

Actions (login required)

View Item View Item