Рехабилитација на пациенти со цервикобрахиjален синдром

Trencevska, Lidija (2014) Рехабилитација на пациенти со цервикобрахиjален синдром. Other thesis, Goce Delcev University.

[img]
Preview
Text
Лекториран Специјалистички труд - Лидија Тренчевска (1).pdf

Download (1103Kb) | Preview

Abstract

Многу често, зад болката во вратот, рамото и раката, се крие сериозно заболување коешто не треба да се занемарува. Станува збор за цервикален синдром кој се наоѓа на второ место по застапеност – веднаш после лумбосакралниот синдром. Цервикобрахиjалниот синдром е болест којашто сè почесто ги засега младите луѓе. До неодамна сметан за болест на старите, денес секое четврто лице страда од него. Засегнати се главно луѓе кои работат со една позиција на телото, подложени на голем напор и стрес, луѓе кои подигаат тешки предмети, како и мајки оптоварени со грижи за своето бебе. Често болката е локализирана на едната страна, но можно е да се распространува селективно, во сите правци. Се јавуваат сетилни симптоми како: зголемена или намалена сетилност за допир, болка, температура и трпнење во засегнатите дерматоми со лентовидна локализација, мускулна слабост и намален мускулен тонус, хипотрофија - слабеење на мускулатурата на рамениот појас и раката, нарушување на движењата во рамото и раката и, многу ретко, на дланката и прстите. Лекувањето на цервикалниот синдром трае од еден до три месеци, во зависност од степенот на заболувањето. По завршување на лекувањето, се преминува на рехабилитација. При најсериозните случаи се препорачува оперативно лекување. Додека трае лекувањето, пациентите отсуствуваат од работа. Токму од овие причини, цервикобрахијалниот синдром претставува голем и сериозен медико-социјален проблем. Клучни зборови Цервикобрахијален синдром, физикална терапија, рехабилитација, кинезитерапија, масажа,рефлексотерапија.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 12 Nov 2014 11:30
Last Modified: 12 Nov 2014 11:30
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11305

Actions (login required)

View Item View Item