Дискус хернија како причина за појава на лумбоишиалгијата во периодот од 1.4.2012 до 31.7.2012 во град Скопје

Spaskovska, Elica (2014) Дискус хернија како причина за појава на лумбоишиалгијата во периодот од 1.4.2012 до 31.7.2012 во град Скопје. Other thesis, Goce Delcev University, Stip.

[img] Text
специјалистички труд.doc

Download (4Mb)

Abstract

Дискус хернија е болест на ’рбетниот столб, кој е резултат на пролапс (хернијација) и желатин пенетрација во јадрото на интервертебралните дискови foraminal отвори (foramina intervertebrales латински). Дискус хернијата преставува пролапс (навлегување) на јадрото на меѓупрешленските дискуси во спиналниот канал. Најчесто се јавува помеѓу 35 и 40 години, поретко подоцна, а порано се јавува заради некоја повреда. Болеста е почеста кај мажите. Во 95 % се јавува помеѓу 4. и 5. лумбален прешлен или помеѓу 5. лумбален или 1. сакрален пршлен. Дискус хернијата врши притисок на коренот на подлежечкиот спинален нерв кој доведува до оток со воспаление и деминерализација на зафатениот нерв. Клиничката слика се манифестира како: - Лумбалгија и - Лумбална радикулопатија (Лумбоишиалгија). Лумбалгијата (акутна или хронична) се карактеризира со силна болка во лумбосакралниот предел. Болката е почесто едностарана, проследена со спазам (напнатост) на мускулатурата на таа страна. Движењата се ограничени и болни. Веднаш или брзо по појавата на акутната болка доаѓа до спуштање на болката низ должината на ногата (лумбална радикулопатија), трнење, а при поголема хернијација и до парези и парализи на мускулите интервирани од нервот. Дијагноза се поставува врз основа на клиничката слика, физикален преглед, РТГ-наод, компјутеризирана томографија, магнетна резонанса, електромиографија. Клучни зборови: дискус хернија, лумбоишијалгија, лумбалгија

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 12 Nov 2014 11:20
Last Modified: 12 Nov 2014 11:20
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11304

Actions (login required)

View Item View Item