Примена на финансиските показатели за анализа на работењето на компаниите - со посебен осврт на показателите за ликвидност на македонското стопанство

Kostadinova, Grozda (2014) Примена на финансиските показатели за анализа на работењето на компаниите - со посебен осврт на показателите за ликвидност на македонското стопанство. Masters thesis, Goce Delcev Universtity, Stip.

[img]
Preview
Text
Magisterski trud - GROZDA KOSTADINOVA.pdf

Download (1950Kb) | Preview

Abstract

Финансиските извештаи се еден од основните извори на податоци за оцена на финансиската состојба и работењето на компанијата во одреден временски период. Анализата на финансиските извештаи претставува употреба на сметководствените податоци во процесот на донесување деловни и инвестициони одлуки. Процесот на анализа на финансиските извештаи е дизајниран за да им помогне на деловните луѓе, инвеститорите и кредиторите да научат како да ги читаат, интерпретираат и анализираат подготвените финансиски извештаи. Основно средство за анализата на финансиските извештаи претставува финансиската рацио анализа. Целта на овој магистерски труд е да се објасни примената на финансиските показатели при анализата на работењето на компаниите,а особено да се даде придонес во разбирањето на примената на финансиските показатели за ликвидноста.Од тој аспект илустрирана е пресметката, а воедно направена е и детална анализа на показателите за состојбата со ликвидноста на одреден репрезентативен примерок на компании од македонската економија. Анализата на работењето на компаниите е направена со користење податоци од изворни документи и од практиката, врз основа на избран репрезентативен примерок на компании, како и користење на соодветна литература. Основни извори на информации преку кои се илустрира примената на финансиските показатели, претставуваат објавените финансиски извештаи на избраните компании од македонското стопанство. Заради репрезентативност на примерокот, се анализираат компании од различни стопански дејности и со различна големина. Клучни зборови: финансиска анализа, финансиски извештаи, профитабилност, стабилност, ликвидност.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 05 Nov 2014 11:38
Last Modified: 05 Nov 2014 11:38
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11245

Actions (login required)

View Item View Item