Сонот на Асен Каваев

Mladenoski, Ranko (2004) Сонот на Асен Каваев. Стожер, 8 (81-83). pp. 39-40. ISSN 1500-6000

[img]
Preview
Text
Ranko Mladenoski za Sonot na Asen Kavaev Drugovac Stojanovska.pdf

Download (15Mb) | Preview

Abstract

Трудот претставува рецензија за книгата „Сон“ (со поднаслов „Преглед на животот и книжевното дело на Асен Каваев“) од Јованка Друговац. Книгата е објавена во 2004 година од скопскиот издавач „Дијалог“. Во трудот се појаснува дека станува збор, всушност, за монографија за Асен Каваев во која се нуди дескрипција на неговата книжевна оставнина депонирана во архивата на Македонската академија на науките и уметностите. Покрај тоа, во овој осврт се наведува и дека книгата „Сон“ на Јованка Друговац е конципирана во неколку делови при што е почитуван и применет хронолошкиот принцип при систематизирањето, но и при толкувањето на делото на Каваев. Во оваа монографија Друговац ја нуди биографијата на Каваев како и толкувањето на неговото книжевно дело – поезија, раскази, драми – а се зборува и за народните свадбарски песни што ги собирал и ги запишувал Асен Каваев. Во заклучокот на овој труд се нагласува дека книгата „Сон“ на Јованка Друговац е значаен книжевно-историски труд затоа што го вади од заборавот книжевното дело на еден македонски деец кој целиот свој живот бил врзан за татковината Македонија.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 04 Nov 2014 12:32
Last Modified: 04 Nov 2014 12:32
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11242

Actions (login required)

View Item View Item