Хрватско-македонски книжевни мостови

Mladenoski, Ranko (2005) Хрватско-македонски книжевни мостови. Современост, 53 (1). pp. 112-115. ISSN 0038-5972

[img]
Preview
Text
Ranko Mladenoski za Osvrti od Kalogjera.pdf

Download (14Mb) | Preview

Abstract

Овој труд претставува рецензија (осврт) за македонистичката книга со наслов „Осврти“ од професорот Горан Калоѓера објавена на хрватски јазик во Риека, а како издавачи се јавуваат Филозофскиот факултет во Риека, Македонското културно друштво во Риека и Графотрејд од Риека. Во трудот се појаснува дека станува збор, всушност, за книга во која се сместени педесетина куси, но мошне содржајни статии во кои се проследуваат значајни моменти од историскиот развој на македонската книжевност, почнувајќи од веќе легендарните браќа Миладиновци па сè до актуелните достигнувања на македонското литературно творештво, но и на македонската книжевна наука. Во тие свои осврти професорот Калоѓера зборува за Антологијата на современата македонска поезија на хрватски јазик објавена во 1979 година и приредена од Петар Кепески и Бранислав Глумац, за Блаже Конески, за добитниците на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата како што се Михаил Ренџов, Влада Урошевиќ, Катица Ќулавкова, Раде Силјан и други, за Мирољуб Стојановиќ, за Славко Јаневски, за Душко Нанески, за Петре М. Андреевски, за Борислав Павловски и за многу други македонски автори, но и за дејци кои на разни начини ја афирмирале македонската литература надвор од границите на Македонија. Токму поради тоа, во заклучокот од овој труд се нагласува дека книгата „Осврти“ од хрватскиот македонист Горан Калоѓера претставува уште еден значаен чекор во развивањето и унапредувањето на хрватско-македонските врски и дека таа книга ја афирмира македонската книжевност и македонската култура воопшто надвор од границите на нашата држава.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 04 Nov 2014 12:28
Last Modified: 04 Nov 2014 12:31
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11238

Actions (login required)

View Item View Item