Низ лавиринтите на злото

Mladenoski, Ranko (2005) Низ лавиринтите на злото. Современост, Год.53 (2). pp. 144-147. ISSN 0038-5972

[img]
Preview
Text
Ranko Mladenoski za Izgubeniot humanizam na Mojsieva Guseva.pdf

Download (7Mb) | Preview

Abstract

Овој труд претставува рецензија (осврт) за книгата со наслов „Изгубениот хуманизам“ од авторката Јасмина Мојсиева–Гушева, објавена во 2004 година во Скопје од издавачот „Магор“. Во освртот е понуден детален преглед на четиринаесетте есеи од коишто е составена книгата на Мојсиева–Гушева. Тие есеи се однесуваат на автори и дела од македонскиот книжевен и воопшто културен ареал, со исклучок на есејот за делото на Андриќ, и тоа со една доминантна тема, а тоа е дехуманизацијата. Станува збор, имено, за есеистичка елаборација на проблематиката на дехуманизацијата во „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, „Пасквелија“ од Живко Чинго, циклусот од романи за Кукулино на Славко Јаневски, „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, драмите „Окрвавен камен“ и „Кузман Капидан“ од Васил Иљоски, драмата „Р“ од Јордан Плевнеш, поезијата на Блаже Конески, романите „Александар и смртта“, „Да се убие Апостол“ и „Самоубиецот“ од Слободан Мицковиќ, „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев, а во „Изгубениот хуманизам“ се среќаваме и со два тематски есеи – „Големата тема за Александар Македонски“ и „Сликата на верскиот синдром во балканскиот свет“. Во заклучокот од трудот се потенцира дека пораката од книгата „Изгубениот хуманизам“ на Јасмина Мојсиева–Гушева е тоа дека хуманоста е должност на човекот, негова обврска кон себеси и кон другите.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 29 Oct 2014 14:51
Last Modified: 29 Oct 2014 14:51
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11209

Actions (login required)

View Item View Item