Едноставност и дискретна дидактика

Mladenoski, Ranko (2005) Едноставност и дискретна дидактика. ЛИК, „Нова Македонија“, Год.61 (20495). p. 14. ISSN 0350-4298

[img]
Preview
Text
Ranko Mladenoski za Zvezdeenje od Nikola Altiev.pdf

Download (5Mb) | Preview

Abstract

Овој труд претставува рецензија (осврт) за поетската збирка за деца со наслов „Ѕвездеење“ од Никола Алтиев објавена во 2005 година од скопскиот издавач „Современост“. Во рецензијата, пред сè, се нагласува неопходната потреба од објавување на книги за деца со оглед на фактот дека книжевноста за деца подолго време се наоѓа на маргините на современата македонска книжевност. Токму затоа, во овој осврт се нуди еден позитивен суд за објавување на оваа стихозбирка за деца од македонскиот автор Никола Алтиев. Покрај тоа, во трудот се нагласуваат, но и се анализираат доминантните стилски особености на песните од оваа збирка за деца на Алтиев како што се: едноставноста како поетски израз и исказ, метафоричноста како споредбен поетски инструмент, актуализацијата на старата идеја за космополитизмот како исконски генетски код на македонскиот народ, оживување (анимација) на предметите, контрастот, односно креирањето на бинарни опозиции од типот „сон – јаве“, „имагинарно – реално“, „рурално – урбано“ и така натаму. Во заклучокот од освртот се потенцира дека стиховите од збирката „Ѕвездеење“ на Никола Алтиев со својата едноставност ја обезбедуваат и ја овозможуваат комуникацијата со светот на детските читатели.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 29 Oct 2014 14:47
Last Modified: 29 Oct 2014 14:47
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11207

Actions (login required)

View Item View Item