Компарација на рехабилитацијата на пациенти со цервикален синдром помеѓу Република Македонија и Република Хрватска

Saric, Nikola (2014) Компарација на рехабилитацијата на пациенти со цервикален синдром помеѓу Република Македонија и Република Хрватска. Other thesis, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.

[img]
Preview
Text
Никола Шариќ - Специјалистички труд.pdf

Download (1418Kb) | Preview

Abstract

Кај многу луѓе барем еднаш во животот се случува да почувствуваат болки во вратот што може да напредуваат до хронични болки. Причините може да бидат различни, како на пример: болести на мускулно-скелетниот систем, лошо држење на телото, воспалителни ревматски болести, дегенеративни промени на вратниот дел од `рбетот и синдроми на преоптоварување. Темелен патолошко - анатомски процес е дегенерација на `рскавицата. Во зависност од местото каде што се појавуваат клиничките симптоми, разликуваме: цервикален, цервикоцефален и цервикобрахијалнен синдром. Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика, анамнезата и рендгенолошките прегледи на вратниот `рбет. Цел на лекувањето е да се намали болката и да се врати функцијата на вратниот дел. Кинезитераписките методи може да се поделат на: динамички вежби, статички вежби , McKenzie методата и тракција. Кон рехабилитациите кај болните со вратен болен синдром треба да се пристапи индивидуално и за секој пациент да се направи посебен план и програма за вежбање. Клучни зборови: цервикален синдром, цервикоцефален синдром, цервикобрахијалнен синдром, кинезитерапија

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 29 Oct 2014 14:45
Last Modified: 29 Oct 2014 14:45
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11205

Actions (login required)

View Item View Item