Фискален систем

Apostolov, Mico and Temelkov, Zoran (2014) Фискален систем. ISBN 978-608-244-087-3.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/ugd/index.php?id=342

Abstract

Целта на овој труд е да овозможи запознавање со основните концепти и функционирање на јавните финансии, односно, фискалниот систем во една земја, и запознавање со аспектите кои треба да се земат предвид при неговиот дизајн. Различните ефекти кои произлегуваат од процесот на оданочување се, исто така, прикажани во рамките на овој труд. Тематски, овој труд е поделен во девет поглавја. Монографијата најпрво нуди можност за запознавање со поимот јавни финансии и неговата важност за државата. Имено, јавните финансии се механизмот преку кој државата ги финансира своите активности. Исто така, претставени се и карактеристиките и функционирањето на фискалната политика во една економија. Фискалната политика преку своите инструменти има значително влијание врзекономските активности и развојот на самата економија. За таа цел, прикажан е начинот и насоката во која фискалната политика треба да се движи, за да обезбеди максимална корист за економијата и минимизирање на негативните ефекти. Акцент е ставен на принципите и начелата кои треба да бидат исполнети од страна на фискалната политика, за да се осигура дека таа ќе се движи во насока на економската политика и ќе ги штити целите на целокупниот економски систем. Претставени се различните видови даночни системи кои државата може да ги земе предвид при дизајнирање на сопствениот даночен систем. Притоа, овие даночни системи се појдовната точка за концепирањето и развојот на секој даночен систем. Исто така, при дизајнирањето на даночниот систем, државата треба да ги земе предвид и предностите и негативностите кои произлегуваат од секој даночен систем како и принципите кои треба да бидат задоволени со самиот даночен систем. Прикажана е и потребата за постоење на различни нивоа на фискални власти, како и степенот на фискален суверенитет кој им е доделен. Предмет на трудот е и улогата која ја имала фискалната политика во насока на излегување од инансиската, односно должничката криза во Европската унија. Важност се дава на причините кои довеле до појава на должничката криза, каде што погрешното раководење на фискалната политика има најголема улога во нејзиното настанување. Должничката криза наметна мерки кои треба да бидат спроведени од соодветните држави, во насока на справување со самата криза. На овој начин, се обезбедува можност за практично разбирање на улогата и важноста на фискалната политика во една земја, односно начинот на кој нејзините инструменти можат да придонесат кон справување со економски флуктуации. Едно од поглавните прашања кое се покрена со појавата на должничката криза, беше потребата за формирање на Европска фискална унија. Самиот предлог за ваков вид унија наметна потреба да се разгледаат импликациите кои би произлегле од формирањето на Фискална унија за сите земји членки на Европската унија. Ваков вид унија, сама по себе, е проследена со позитивни и негативни ефекти за националните економии, но и за стабилноста на целиот европски систем. Меѓутоа, формирањето на унијата наиде на пречки од страна на економски развиените земји и, од таа причина, се јавува потребата за разбирање на пречките за формирање на Европска фискална унија. Последниот дел од трудот е посветен на фискалниот систем и фискалната политика во Република Македонија. Прикажани се основните карактеристики и развојот на самиот даночен систем, со што може да се осознае насоката на фискалната политика и принципите кои се исполнети со даночниот систем во Република Македонија. Акцент е ставен и на промените кои настанале во даночниот систем, односно споредба на даночниот систем кој постоел пред осамостојувањето на Република Македонија и даночниот систем кој е воведе после осамостојувањето.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Mico Apostolov
Date Deposited: 22 Oct 2014 09:18
Last Modified: 15 Apr 2015 09:42
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11176

Actions (login required)

View Item View Item