Стоматологија базирана на докази

Dimova, Cena and Papakoca, Kiro (2014) Стоматологија базирана на докази. In: Научен симпозиум: „Медицина и стоматологија базирани на докази", 18 Oct 2014, Мултимедијален центар, Штип.

[img]
Preview
Text
Симпозиум.pdf - Published Version

Download (3159Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
18.10. 2014 prezentacija.pdf

Download (5Mb) | Preview
[img]
Preview
Text
Doc111.pdf

Download (466Kb) | Preview
Official URL: http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/ugd/vesti-12/50...

Abstract

Обемот на современата научна литература насочена кон стоматолошката пракса понекогаш создава проблеми и прашања на кои треба стоматологот да најде одговор. Честопати се пласираат контрадикторни информации, во смисла која техника да се примени, а која е бескорисна. Имплементацијата на современите научни стоматолошки достигнувања секогаш претставува водилка во политиките и плановите на стоматолошката индустрија, која потоа ќе сугерира добра практика која пак е во согласност со крајна цел: унапредување на решенијата за подобро орално здравје и воедно, да се обезбеди добар пристап до поволна стоматолошка заштита. Повеќето автори ја дефинираат стоматологијата базирана на докази - СБД (Evidence Based Dentistry - EBD) како '' интегрирање на индивидуалнa клиничкa експертиза со најдобрите достапни екстерни клинички докази од насочено систематско истражување''. Истовремено, СБД обезбедува насоки за да им помогне на стоматолозите да направат интелигентна одлука. На кратко, стоматологија базирана на докази е обид да се обезбеди правото на пациентот да добие соодветна постапка, за вистинската состојба во право време. Општо прифатено дека лекарот или стоматологот со повеќегодишното искуство остваруваат подобар квалитет на здравствената заштита. Сепак, неодамнешните студии покажале дека постои всушност еден инверзен односот меѓу бројот на години на пракса и на квалитетот на обезбедената здравствена грижата. Стоматологијата базирана на докази е процес кој го реконструира начинот на кој ние размислуваме за клиничките проблеми. Во центарот на дефиницијата на СБД е пациентот, која вклучува разумното интеграција на систематски проценки на клинички релевантни научни докази. Во предавањето ќе бидат опишани заедно, предностите и проблемите на воведување на пристапот на стоматологија базирана на докази од аспект на секојдневните орално хируршки процедури. Клучни зборови: стоматологија, стоматолошки образование, стоматологија базирана на докази

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 21 Oct 2014 07:38
Last Modified: 07 Aug 2015 12:20
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11171

Actions (login required)

View Item View Item