Ревизија на сметководствени информациски системи-практикум

Koleva, Blagica (2014) Ревизија на сметководствени информациски системи-практикум. ISBN 978-608-244-096-5.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/ugd/index.php?id=339

Abstract

Практикумот „Ревизија на сметководствените информациски системи“ е наменет, пред сè, за студентите на додипломски студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кој обработува исклучително интересна и актуелна проблематика од областа на сметководството и ревизијата, која студентите ја изучуваат по предметите Сметководствени информациски системи, Ревизија, Сметководствени контролни системи, но можат да го користат и сите други кои се заинтересирани за оваа проблематика. Основната ориентација во излагањето на содржината е презентација со доста ревизорски извештаи, табели, графикони и практични примери кои им овозможуваат на студентите многу полесно разбирање и совладување на оваа практична проблематика. Во тој контекст, материјалот опфатен во овој практикум е поделен во два засебни дела: Дел I – Системски базирана ревизија; Дел II – Практични примери на ревизорски извештаи; Првиот дел – Системски базирана ревизија дава насоки за системски базираната ревизија, која е една од главните ревизорски методологии кои се применуваат од ревизорите, дадени и објаснети се процедурите кои се применуваат во практиката при подготовка и планирање на ревизијата, утврдување и опис на системот, утврдување на ризиците и оценување на контролите наспроти ризиците, тестирање на контролите, ревизорски досиеја, а акцент е даден на надгледување (супервизија) на ревизиите, одговорности на раководителот, подготовка, организација и супервизија на ревизијата. Вториот дел - Практични примери на ревизорски извештаи го претставува главниот дел од содржината на практикумот, во кој се содржани повеќе примери од практиката, преку кои на студентите им се доближува многу повеќе начинот на примена на ревизорските извештаи во работењето на компаниите. Извршувајќи ги своите надлежности, ревизорите се соочуваат со предизвикот за што треба да се известува и на кој начин треба да се известува.Она што посебно ги учи студентите овој практикум има цел како правилно и ефективно да комуницираат со субјектите кои се предмет на ревизија, да се изградат посилни односи со корисниците на ревизорските извештаи преку правилно известување од ревизорите и да претставува водич при пишувањето на ревизорските извештаи.Извештајот на ревизијата е најзначаен дел од ревизорскиот циклус.Правилното известување на ревизијата може да помогне да се разјаснат значителни прашања и воспоставување на заеднички осврт кој се фокусира на менаџерската активност.Ревизорскиот извештај се користи за да се комуницира со корисниците за намерата, опсегот и резултатите на извршената работа.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Blagica Koleva
Date Deposited: 20 Oct 2014 09:50
Last Modified: 07 Apr 2015 13:53
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/11167

Actions (login required)

View Item View Item